Достапни линкови

Опозицијата негодува, власта тврди дека има обезбедено мнозинство


Пратениците денеска раправаат за изборот на трите членови кои што ги предложи собраниската комисија за избори и именувања и двајцата по предлог на претседателот Црвенкосвки. Лина Петровска, Љубомир Богевски и Бујар Сабриу какао предлози на комисијата се неприфалтиви за опозициониот социјал демократски сојуз.За нив е неприфатлив и начинот и времето во кое се предложени затоа што како што велат веке имале претходен договор. Според пратеничката Цветанка Иванова трите предлога денеска ќе бидат изгласани затоа што владеачките партии веке обезбедиле Бадентерово мнозиство преку предлогот за загарнтирани места за помалите етнички заедници:

„Но, пораката е страшна, пораката е дека во Република Макеоднија по ниту едно прашање, ниту по чувствителните прашања нема дијалог и се прашувам дали воопшто може да се води дијалог по некое прашање. Во Република Македонија денеска ќе се удри страшен шамар на реофрмите во судството што со поставување на партиски членови во судскиот совет, веќе имаме и партизација на судството.“

ВМРО ДПМНЕ пак сеуште нема изградено став дали ке гласа за Абдулселман Канзонски и Ментор Ќоку кои повторно до Собранието ги предлага претседателот.

„Зависи од дебатата и однесувањто на СДСМ спрема предлозите од Комисијата и откако ќе заврши гласањето ќе свикаме координација за да заземеме став по однос на предлозите од претседателот на државата,“

вели Трајко Вељановски од ВМРО-ДПМЕ.

Пратениците на Демократската Унија за интреграција денеска не се присутни во собраниската сала. Џеват Адеми вели дека причината за нивниот бојкот е што веке сите се согласиле и го прифатиле предлогот на претседателот преку негативна елиминација да се изберат петте нови члена а овој потег не е во согласнот со тој договор.

„Значи ќе имаме РСС кој не е прифатлив за важни политички чинители во Македонија, како ДУИ. Значи, ќе отвориме нова тема што нон стоп ќе се оспорува и ќе имаме секогаш несогласувања.“

Дали ке реагираат со конкретни чекори доколку денешната седница заврши со изборот на новите членови кои ги оспоруваат од двете опозициони партии сеуште немаа изградено став.
XS
SM
MD
LG