Достапни линкови

Очекување да биде определен дневниот ред за преговорите во октомври и ноември


Во Њујорк денеска треба се одржи првата директна средба меѓу Белград и Приштина, откако тројката посредници на Контакт групата го раководи преговарачкиот процес за идниот статус на Косово. Се очекува на средбата да биде определен дневниот ред за преговорите во октомври и ноември. На 10 декември тројката треба на генералниот секретар на ОН да му достави извештај за резултатите од преговорите, а Контакт групата повика на коснтруктивни разговори.

Од српската страна на разговорите во Њујорк учествуваат Претседателот и премиерот Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, а од косовската претседателот и премиерот на Косово Фатмир Сејдиу и Агим Чеку. Првите директни разговори на највисоко ниво ке се одвиваат со преговарачката тројка кои ја сочинуваат претставникот на Европската Унија - Волфганг Ишингер, на Соединетите Држави Френк Визнер и на Русија Александар Боцан-Харченко.Во новата фаза од преговорите Белград им предложи на меѓународните посредници пет теми, при што првата е постигнување меѓународен договор за идниот статус на Косово, што би ја поддржал суштинската автономија на покраината во рамките на Србија. Другите теми се конкретната поделба на надлежностите меѓу Србија и Косово, економските прашања, односите на Косово со меѓународните финансиски организации и регионални иницијативи. Последната тема, предложена од Белград, е присуството на меѓународната заедница под покровителство на ОН преку цивилно и воено ангажирање, што ќе обезбеди примена на одлуката за статусот. Српскиот Претседател Борис Тадиќ зборувајки на генералната асамблеа на Светската организација рече дека незавивосноста на Косово за Белград е неприфатлива.

„Ги повикуваме легитимните преставници на Косовските албанци да ги продолжат преговорите за идниот статус на Косово без да го прејудицираат исходот, со цел компромисно решение, прифатливо за двете страни да биде постигнато. Решение кое ќе води кон долгорочна обнова на српско албанските односи.“

Делегацијата на косовските Албанци во Њујорк пак ќе претстави документ за односите меѓу Косово и Србија како меѓу две независни држави, изјави членот на преговарачкиот тим на Косово Ветон Сурои.

„Нашата разлика е концептуална, бидејќи во Њујорк не одиме да бараме нешто од Белград, дозвола за независност или деведесет и пет насто автономија. Одима таму да понудиме доброседски односи меѓу две независни држави.“

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Контакт групата за Косово пак синоќа во Њујорк ја потврдија решеноста да се бара решение до кое би се дошло со преговори и кое би било усвоено од Советот за безбедност на Обединетите Нации. Брзото решавање на статусот на Косово е клучно за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Европа во целина. Поради тоа треба без одлагање да се најде решение, се наведува во заедничкото соопштение на Контакт групата.
XS
SM
MD
LG