Достапни линкови

Муслиманите негодуваат, авторите се повикуваат на слобода на изразувањето


Скандинавска земја, карикатура за прокрокот Мухамед, протести и расправа за слободата на изразување. Звучи познато? Нова контаверзена карикатура во Европа, но овој пат во Шведска, не Данска. Прикажана е главата на пророкот Мухамед на тело на куче.

Една изложба во Шведска ке поминеше речиси незабележано, ако не беше карикатурата на Ларс Вилкс кој ја прикажува главата на пророкот Мухамед на тело на куче. Вилкс вели дека целта му била да се дискутира за слободата на изразувањето во уметноста

„Главната цел беше да видам што е можно да се случи во уметничкиот свет, што е политички коректно, бидејки јас знаев дека е политички некоректно да се нацрта пророкот како куче. Причината е што, изложбата на која бев поканет тема беа кучињата. Јас тоа го направив, но во последен момент тоа беше цезурирано поради безбедносни причини“

Тоа предизвика интерес кај медиумите и еден весник Нерикес Алеханда објави една карикатура во контекст на слободата на изразувањето и цензурата. Потоа следеа протести од Пакистан и Иран, од локалните муслимански групи
Џамал Ламхамди портпарол на Исмалскиот културен центар во Оребо каде беше објавена карикатурата испрати писмо и разговораше со уредникот на весникот по реакциите од многу муслимани. Тој вели

„Сите овдека, муслиманската заедница во Оребо сакавме тој да се извини, но тој не го стори тоа, и рече дека тоа е дел од слободата на изразување во земјата. И ние рековме, ние сме дел од оваа слобода, ние сме муслимани, ние живееме во оваа земја, го почитуваме законот, но има граници. Ова е многу сериозно“


Мегутоа има разлика мегу овој и оној во Данска. Премиерот Фредерик Реинфелдт реагираше побрзо отколку неговиот дански колега. Тој се сретна со амбасадорите од повеке од 20 муслимански земји, изрази жалење што лугето се навредени, но и ја бранеше слободата на изразување.
Би го направил ли Вилкс истото повторно, би работел ли на вакви и слични карикатури

„Да, мислам ова е единствена работа за која треба да се бориме. Мораме да се бориме за демократијата. Ако некои сили сакаат да ги ограничуваат стандарите, ние поради слободата на изразувањето и демократијата мора да им кажеме не. “
XS
SM
MD
LG