Достапни линкови

Парите стекнати на разни начини најлесно е да се „свртат“ преку инвестиции во градби, велат експерти


Инвестирањето во недвижности станува профитабилен бизнис во земјава, посочуваат упатените во оваа област. Агенциите за промет со недвижности со различни искуства во досегашната работа. Елизабета Бошковска, сопственик на ваква агенција вели дека поради тоа што е слаба куповната моќ на граѓаните, најмногу се бараат станови со помала квадратна површина. Според неа во Скопје има широка понуда на станови.

„10 до 20 илјади станови стојат слободни, но од друга страна луѓето и не ги купуваат бидејќи ретко кој сака да купи стан кој што се наоѓа повисоко од 4 кат, се плашат за одржувањето на лифтот, сакаат помали станови со помала површина, ретки се тие кои што имаат пари и вложуваат во купување на поголем стан не за живеење, туку за издавање.“

Наспроти ова, од друга агенција за недвижности велат дека понудата на станови во главниот град не може да одговори на побарувачката.

„Има многу повеќе луѓе кои што бараат, отколку што има станови. Значи јас би рекол дека има недостаток на станови. Друга работа е тоа што не се гради, колку што се градеше.“

Изјави претставник на агенција за недвижности
Дека купувањето и издавањето на станбен простор станува профитабилен бизнис во Македонија, потврдува и првиот човек на Архитектонската академија, Трајко Димитров.

„Во овој момент парите што се стекнати на разни начини, веројатно најлесен начин за да ги оплодат парите е да ги инвестираат во градби, заради тоа што веројатно затоа што таму сеуште е најпроодно поле, за да може тие пари да се ,,сврат,, неколку пати и да немора да се покажува потекло, да немора да вработи технолози итн.“

Во моментот во центарот на Скопје празните станови се издаваат за цена од 200 до 250 евра, додека киријата за опремен стан може да достигне и до 1000 евра, доколку се наоѓа на поексклузивна локација. Кај продажбата на станови пак, се забележува тенденција на пораст на цените, велат од агенциите. На пример просечната цена на квадратен метар во централното градско подрачје изнесува 1000 евра.

„Македонскиот државјанин неможе да понуди поголема сума од 200 евра. Тоа е една македонска плата и една плата мора да даде за кирија.“

Упатените посочуваат дека проблем претставува и тоа што не се внимава на изградбата на становите и нивната сигурносна конструкција, се гради брзо и неплански, се прават отстапки од урбанистичките станови.

„Кај нас е се направено да служи за еден одреден рок, за една одредена цел, и за една група.“

Вели Димитров, според кој државата треба да изработи плански документ со кој ќе се изврши прераспределба на профитот, а оние кои поседуваат капитал ќе бидат мотивирани да инвесртираат во други области.
XS
SM
MD
LG