Достапни линкови

Граѓаните стравуваат од повисоки цени за дрвата за огрев и парно греење


По пожарите кои летово ја зафатија земјава, граѓаните почнаа да стравуваат дека огревното дрво ке поскапи. Тие велат дека само за една грејна сезона им се потребни околу 6 кубика дрва и дека нискиот стандард ги натерало да штедат преку лето за да ја обезбедат потребната количина на дрва за да ја поминат зимата.

„2,200 за еден кубик, а мене најмалку ми треба пет шест кубика дрва. Јас сум технолошки вишок со 3,200.“
„Со штедење, по тенко јадеш преку лето, за да оставиш за во зима.“


Грејната сезона за оние кои што се топлат на парно официјално започнува на 15 октомври,но граѓаните незадоволни од услугата која им е понудена. Тие исто така велат дека и цената која треба да ја плаќаат сеуште не им е позната.

„Да видиме што ќе биде, цената е фиксирана до крајот на годинава. Не сум задоволен затоа што до преклани имавме многу добра топлина, а сега немаме.“
„Цената не плаши ако оди нагоре, како ќе биде не знаеме“


И оние кои што се греат на гас стравуваат од поскапување:

„Јас се греам на гас, велат дека ќе поскапи, но не знам ќе видиме.“

Според фирмите кои се занимаваат со продажба на дрва за огрев,цените нема да бидат поразлични од минатата година

„Нема врска, тие што се опожарени цената им е иста. Моментално дабот е 2,200, а буката 2,100. И лани беше истата цена, сто денари е разлика од фирма до фирма и место до место.“

вели Благоја Ивановски,сопственик на фирма за стопанисување со дрва и додава дека има доволно дрва за да се презими.

Деновиве од скопска Топлификација најавија акција за исклучување на должниците кои не ги платиле сметките.Според нив, први за исклучување ке бидат деловните објекти,а потоа и домаќинствата

Додека пак од „Макпетрол“ соопштија дека цената на нафтата за домакинство годинава е пониска од лани и дека во октомври очекуваат да се зголеми продажбата.
XS
SM
MD
LG