Достапни линкови

Меѓународните групи за човекови права ги повикуваат кинеските власти на подобрување на ситуацијата


За една година или во 2008 во Пекинг, Кина ке се оджат Олимписките игри и мегународните групи за човекови права ја користат приликата да ги повикаат кинеските власти да останат на ветувањето дека ке ги почитуваат човековите права, односно дека ке ја подобрат ситуацијата. За таа цел се одржуваат повеке активности.

Шестмина активисти од Кампањата за слободен тибет на големиот кинески зид поставија знаме со порака - Еден свет, еден сон, слободен тибет 2008. Демонстарцииите што ги организираа траеа само часа по што кинеските власти го тргнаа знамето и ги растераа активистите . Организаторите на протестите Студентите за слободен тибет, организација основана во Лондон велат дека кинеската власт ги користи Олимписките игри да се истакне како светска сила. Портпаролот Мет Виткејс изјави

„Кина ја користи секоја можност и ги користи Олимписките игри да се промовира како модерно, слободно и отворено општество и се разбира кога го прави тоа го отргнува вниманието од она што го прави во Тибет, што се слуува веке шеесет години. “

Виткејс укажува дека со протестите кај кинесксиот зид кој како што вели е најпрепознатлив симбол за нацијата во Кина, здружението сакало да испрати порака дека кинескиот сон за мегународно водство не може да се оствари додека продолжува окупацијата на Тибет. Тој вели дека првите луге на мегународниот Олимписки комитет ветиле дека Кина ке работи на подобрување на состојбата со човековите права.

„Мегународниот олимписки комитет сигурно, ни вети кога одлучи игрите да бидат во Кина, дека злоупотребата на човековите права ке се намалува, но всушност ние гледаме само зголемување на репресијата“

И Амнести интернешнл во својот извештај вели дека Пекинг не го почитува ветувањето кога се во прашање човековите праав, се случуваат судења на новинари, забрана на публикации, следење на религиските и политичките дисиденти.
И невладината организација Репортери без граници повикува да се направи притисок врз преставниците на Мегународниот олимписки комитет. Портапролот Жан Франсоа Жилард вели

„Сега е време да се побара од Мегународниот олимписки комитет да направи нешто, да ги повика кинеските власти да ги ослободат новинарите, корисниците на интернет кои сега се во затвор.“

Претставниците на невладиниот сектор не веруваат во она што го ветуваат кинеските власти дека ситуацијата со човековите права ке се подобри. Повиканите пак како Мегународниот олимписки комитет засега не реагираат на она што им се укажува.
XS
SM
MD
LG