Достапни линкови

Постоечкиот закон за лекови повторно дозволува манипулација со цените, реагира стручната јавност


Се додека не се промени членот од Законот за лекови и медицински помагала каде со непрецизната формулација се остава можност веледрогериите и аптеките самите да ја одредуваат маржата на лековите, повторно ќе постои простор за манипулација со нивната цена и покрај одлуката на Владата за намалување на ДДВ-то на лековите, медицинските и ортопедските помагала од досегашните 18% на 5 отсто, реагираат од Фармацевтската Комора на Македонија. Иако сепак ја поздравуваат ваквата одлука на Владата која ќе биде во корист на пациентите, Претседателката на Комората Лидија Петрушевска-Този за спорноста на член од законот кој овозможува варијабилност на цените на лековите забележува:

„Сега понатаму како тоа во пракса ќе биде и ние токму поради тоа реагираме во членот 108 да бидат фиксни маржите. Кога ќе се знае данокот, кога ќе се знае производната базична цена понатаму нема никаква можност за злоупотреба затоа што ќе бидат фиксни маржите, а сега постои можност за злоупотреба.“

Вели Този. Наспроти овие реакции на струччната јавност, од Бирото за лекови уверуваат дека со оваа одлука ќе се постигне унифицираност на цените на медикаментите:

„Нема шанси некој на своја рака да ги надрагдува маржите на лековите на сметка на намалениот данок од 18 на 5%.“

Изјавува директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев. Пред една година Владата го намали Данокот на додадена вредност за семенски материјали, ѓубрива, земјоделска механизација и заштитни средства во земјоделието. Од земјоделските аптеки тврдат дека оваа одлука придонесе за намалување на цените:

„Претходно беа со 18% данок, а сега се со 5% данок значи автоматски самите фирми кои што се добавувачи на производи од овие странски фирми тие ги намалија автоматски на 13%.“

истакнува Ордан Тотев сопственик на земјоделска аптека. И покрај уверувањето од земјоделските аптеки индивидуалните земјоделци се се жалат дека напротив оваа одлука само придонесе во пракса трговците различно да си ја утврдуваат маржата на цената, од што велат тие земјоделците немаа никаква корист.

„Маржата неможе некој да му нареди, тоа е пазарна економија маржата сам ќе си ја стави. Тој можеби сака да намали, ама се правдаа дека од фабриките им ги зголемија цените и ништо не видовме од тоа.“

Реагира земјоделецот Тоде Лазаревски.
XS
SM
MD
LG