Достапни линкови

Поделени мислења во Русија


Расправата дали да се изучува веронаука е актуелна и во Русија. Православната црква по падот на комунистичкиот систем има големо влијание, велат некои и уакжуваат дека токму поради тоа се наметнува тоа прашање

Речиси за еден месец децата ке тргнат на училиште и некои од нив ке имаат и нов предмет, основи на православната култура. Учениците со различни видувања дали е потребно да го има тој предмет и во каква форма, дали да биде задолжителен или изборен.

Лида шестодишно девојче од областа Киров сака да го има тој предмет

„Јас сакам да знам за господ. Тоа ме интересира“

Седумнаесетгодишната Лера пак се двоуми и смета дека треба да ја посетуваат наставата по тој предмет само оние кои сакаат

„Доколку некого го интересира овој предмет, треба да му се дозволи да го посетува или тој да биде изборен. Јас не мислам дека е толку важен“

Во четири руски области овој предмет е задолжителен, а во повеке од десет региони во образовните институции е предвиден како изборен.
Вклучувањето на овој предмет во наставната програма е резултат на желбата на дел од русите кои сметаат дека треба да се зајакне чувството на национален идентитет.

Неколкумина членови на Руската академија на науки пак упатија писмо до претседателот Владимир Путин и изразуваат загриженост од како што велат фактот дека нема јасна граница мегу црквата и државата. Едниот од потписниците на писмото Виталиј Гинзбург смета дека часовите по веронаука или православна култура ке дадат погрешен сигнал во образовниот процес. Со тоа смета тој може да се навредат оние од други религии, мегу кои и 20 милиони муслимани.

„Кога некој има 15 или 16 години, тогаш таа или тој може да учат историја на религија. Но, зошто е тоа потребно во основно училиште. Русија е мултиетничко општество, зарем не? Треба да се води грижа и за оние кои не се православни, за муслиманите, а се говори само за предмет, православна култура“

Приврзаниците пак истакнуваат дека ке се изучува токму историја на религијата и културата. Еден од нив е Андреј Кирајев, професор на московската теолошка академија кој вели

„Сите универзитети во Западна Европа имаат теолошки факултети. Методологијата во теолошките истражувања е иста како методологијата за било која друга хуманитарна наука. “

Но главната дилема е што учениците од шест години ке разберат за руската православна историја и култура, ке сфатат ли нешто. Противниците велат не баш добро.
XS
SM
MD
LG