Предлогот на францускиот претседател Никола Саркози Србија и Косово да ги продолжат преговорите уште за шест месеци, под услов е Русија да ја признае неминовната косовска независност е неприфатлив за Белград, посебно поради временскиот рок.
„Кога преговорите ги орочувате тоа е многу лоша работа и за преговарачите не е добро бидејќи тогаш тие работат под притисок на роковите. Нашиот став отсекогаш беше дека не треба да се поставуваат вештачки рокови, туку некоја разума временска рамка за решавање на проблемот.“
Оценува министерот за Косово и Метохија во српската валада Слободан Самарџиќ, додавајќи дека можноста од донесување на резолуција за независноста на Косово во случај на неуспех на шестмесечните преговори и дава предност на албанската страна. Членот на белградскиот преговорачки тим Горан Богдановиќ пак, смета дека непостигнувањето договор на самитот во Германија може да доведе до немири на Косово:
„Страхувам дека ситуацијата на Косово и Метохија е многу зовриена. Албанците очекуваа во текот на јуни да дојде до прогласување на независноста. Искуството не научи дека во слични ситуации секогаш доаѓало до немири.“
Вели Богдановиќ. Во Приштина веднаш е отфрлен предлогот на Сракози, а косовскиот претседател Фатмир Сејдиу уште еднаш повтори дека е потребно што поскорашно усвојување нова резолуција во Советот за безбедност на Обединетите Нации.
„Ние сме заинтересирани и се ангажираме да се донесе што е можно поскоро нова резолуција која ќе биде базирана врз предлогот на посредникот Марти Ахтисари, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на Косово.“
Изјави Сејдиу. На ист став е претседателот на опозиционата Демократска партија на Косово Хашим Тачи:
„Сега е време за независност, а секое одлагање е лошо и создава нови дилеми.“
Тачи ги повика Соединетите Држави и Европската Унија да не го прифаќаат предлогот на Саркози.