Достапни линкови

Многу компании во борба по лојални потрошувачи


Според една маркетиншка студија, американските муслимани се по образовани од просечниот американски потрошувач и нивната потрошувачка моќ се проценува на 170 милијарди долари. Токму затоа не е изненадување што американските бизниси му се обраќаат на овој дел од пазарот, на околу 6 милиони луѓе и се обидуваат да ја добијат нивната лојалност. А за успех треба да се разбере религијата и културните вредности на муслиманите.

Пилешеките филетки односно Чикен Мек Нугетс на ланецот ресторани МекДоналдс не е првата брза ихрана на некој начин насочена и кон луѓето со муслиманска вероисповест. Но во предградието на Детроит во ресторан на МекДоналдс гордо ги рекламираат своите Халал Чикен МекНугетс. Откако ја ставија оваа понуда во менито продажбата се покачи за 200 насто и разбирливо оти таму има 400 илјади американски мсулимани, односно во Деарборн е една од најголемите арапски популации надвор од Блискиот Исток. Локалните бизнисмени дури во последно време сфатија дека пропуштаат огромна шанса бидејки досега не разбираа што е тоа што го бараат муслиманите согласно нивните убедувања и култура. Насер Беидион претседател на Американско – арапската комора вели дека МекДоналдс вели дека оав го сфатил откао забележал оти муслиманите купуваат само сендвичи со риби од севкупното мени.

„Сопственикот на овој ресторан дојде кај нас и ни рече – Видете вашата заедница купува само рибји сендвичи. Во основа ние му рековме дека ние купуваме риба затоа што не јадеме друго. Немате кошер или халал на пример. И тогаш тој излезе со халал пилешки филети и други халал производи и виде дека бизнисот драматично му се разви.“

Во основа тоа е пример и за другите бизниси каде што одредени популации имаат посебен интерес. Во Мичиген групата на Беидион им помага на компаниите како да се поврзат со муслиманските потрошувачи.

„Тие бараат да бидат прифатени во продавниците, да се чувствуваат конфорно, да има респект за нивната традиција и разбирање на нивната култура и религија.“

вели Насер Беидион од Американсо арапската комора. Џи Дабл ју Ти е агенција која меѓу првите големи компании нуди услуги за компаниите за да ги приближат своите производи за муслиманската полпулација.

„Купувачката моќ на американските муслимани е над 170 милијарди долари. Тие се важна потрошувачка група. Тие се влијателни, подобро едуцирани и побогати од просечниот американски потрошувач.“

вели Мариан Салзман од Џи дабл ју Ти. Пред неколку месеци оваа компании издаде студија за тоа како муслиманите во Америка и Британија носат одлуки што ќе купуваат и што чувствуваат за рекламните кампањи.
XS
SM
MD
LG