Достапни линкови

35 милиони евра за обновување и зајакнување на 50 мостови


НАТО донираше 35 милиони евра во проект за обновување и зајакнување на 50 мостови на главните воени правци за снабдување низ земјава. Ова се дополнителни средства на трите милиони евра што алијансата веке ги инвестираше во поправка на 20 моста во македониј и тоа поправка и зајакнување на 17 моста помегу Куманово и границата со Бугарија, два моста помегу Скопје и границата со србија, еден мост во близина ан Демир капија и поправка на раскрсниците во автокоманда и близина на касарната Илинден, како и кај Момин Поток која треба наскоро да започне.

Проектот за патиштата и мостовите беше одобрен по косовската криза кога НАТО се согласи да помогне во реконсструкција и одржување на патиштата што претрпеа дополнителни оштетувања, а кои што требаше да се оддржуваат на доволно ниво за да ги задоволуваат основните воени потреби за понатамошни операции на Косово и за НАТО поддршка при решавање на конфликтот во Македонија во 2001. Првата фаза од проектот започна минатата година и треба да заврши до крајот на оваа година

„НАТО е многу благодарен за поддршата што оваа земај му ја даде за НАТО операциите на косово во 1999 а и во она што следеше потоа. Тимската работа што беше воставена тогаш продолжи во првата фаза на проектот за реконструкција на мостовите, а ке продолжи и во следните фази. Ова е извонреден симбол на блиската соработка мегу земјава и Алијансата.“

Изјави генаролот Џон Дјуранс претставник на НАТО во земјава.

Министерот за трансопрт и врски Миле јанакиески истакна дека овој проект говори за интензитетот на соработка мегу земјава и Алијансата. Преку овој пример сведочиме на два исклучително значајни процеси кои мегусебно се испреплетуваат рече министерот.
XS
SM
MD
LG