Неодамна се вративте од Соединетите Држави, каде бевте и во посета на Пентагон. Каков е ставот на вашите американски колеги во врска со подготвеноста на нашата армија за влез во НАТО?
Прво секоја прилика кога имаме средби со колегите од САД се користи можноста да се изрази благодарност за учеството на македонската армија во меѓународните мисии, предводени од НАТО. Тие оценки не се паушални и не се неформални, тие се дадени врз основа на квалитетнотно извршување на мисиите од страна на припадниците на нашата Армија, кои по ништо не се разликуваат од пропадниците на членките на НАТО. Второ, се потенцира и нашата определба за зголемување на бројот на припадниците на АРМ во мисиите надвор од Македонија, земајќи во предвид дека тоа наше учество почна симболично во 2002 година и колку војници во овој момент имаме, а тоа е бројка блиску до проектираната според Стратегискиот одбрамбен преглед, мислам дека сите наши обврски се исполнети. Нивните препораки се однесуваат дека овој пат кој е избран е добар, реформските процеси во одбраната се позитивно оценети и препорачуваат уште поцрвста определност на реформските процеси. Јас постојано повторувам дека во одреден момент достигнувате одреден успех, кој за таа временска дистанца е добар, но треба да се продолжи со тие реформски процеси.
Уште кои реформи треба да се спроведат во Армијата до крајот на 2008 година?
Согласно динамичниот план тој процес за изградба на нова структура на Армијата е завршен. За оваа година ни преостанвуа транформацијата на Воената болница која треба да премине во Министерството за одбрана, потоа завршувањето на процесот на професионализација на АРМ. Тој процес ќе биде заокруежен кога ќе се постигне проектираната бројка на Армијата, следно е натамошно усвојување на стандардите на НАТО за поголема интеропертивност со воените структури на НАТО и впрочем тоа е основниот предуслов за да станете членка на НАТО. И она што исто така би го издвоил што е можеби за нас најголем предизвик, тоа е исполнувањето на Партнерските цели, каде се изразени високи побарувања, според кој треба да обезбедиме еден пешадиски батаљон до 2009 година и до крајот на 2013 година батаљонска борбена група.
Ако постојано се посочува дека реформите во одбраната се во ред, но во однос на НАТО се посочува дека може бидат проблем и исполнувањето на политичките критериуми. Реално како човек од одбраната, очекувате ли да ја добиеме поканата за членство во НАТО?
Накусо да одговорам, да очекувам. Оптимист сум и очекувам дека тоа ќе се случи затоа што Македонија и граѓаните го заслужуваат тоа, прво затоа што прифативме да отпочнеме длабоки реформски процеси во целото општество, не само во одбраната, а тие се многу болни. Во нашиот дел на реформите, професионалците кои што дале голем придонес за Армијата, понатаму ќе треба да заминат од АРМ, следно за да усвоите стандарди на НАТО навистина е тешко и бара огромни напори, да го зголемите учеството во мисии е макотрпна и тешка работа поради тешкиот процес на обука, и заради сето ова, без оглед на тоа што членството во НАТО ќе биде политичка одлука, сметам дека заслужуваме да бидеме дел од тој ,,клуб,, привилигиран клуб. Меѓутоа несакам да мислам дека со добивањето на поканата ќе се заврши целата приказна. Лично мислам дека е полесно да се стане дел од НАТО, отколку да се биде во НАТО.
Ги споменувате меѓународните мисии. Може ли Македонија да го издржи континуирано темпото да врши обуки, да праќа војници во меѓународните мисии ?
Политичките одлуки зависат одредени работи. Значи, да се донесе политичка одлука за учество во мисија, зависи од подготвеноста на Армијата да обезбеди доволен број на припадници. Наша цел е сите припадници на Армијата да бидат одлично обучени и опремени и на тој начин ќе имаме поголем број на кандидати кои што можат да бидат упатени во мировни мисии надвор од Македонија.
Земајќи ја во предвид ново настанатата ситуација со одолговлекувањето на одлуката за решавање на статусот на Косово, сметате ли дека може да има безбедносни импликации врз Македонија?
Јас политиката не би ја коментирал, меѓутоа кога се зборува за безбедноста и одбраната сигурно дека и нас не засега тоа прашање. Ставот на Македонија е многу јасен, дека ќе прифати секакво решение кое меѓународната зедница ќе го понуди, а кое ќе преставува компромис меѓу политичките авторитети во Србија и на Косово. Лично се надевам дека нема да се случи нешто што може да има поголемо влијание врз безбедноста во Македонија, сигурен сум дека македонските институции преземаат се што треба да се следи активно состојбата на Косово, меѓутоа една работа е да бидете оптимист, и јас од тие причини не ја исклучувам и можноста дека треба да се биде претпазлив.
Армијата ја потресе скандал со продажбата на оружјето. Каква е сега состојбата, имате ли сега поголема контрола на армискиот имот?
Ако зборуваме за контрола на имотот, неможе да се поврзе со некоја афера што се случи во декември месец. Контролата над имотот си постои, се случуваат работи кои што никој не ги посакува. Меѓутоа сакам да кажам дека тој случај доби голем публицитет во јавноста, поминаа повеќе од четири месеци, истражните органи си постапуваат согласно овластувањата и јас тука немам што да коментирам, единствено што сакам да кажам е дека е многу битно целиот случај што е можно поскоро да се затвори, доколку се докаже дека постои одговорност на лица вмешани во целиот случај да бидат изведени пред лицето на правдата и да се фокусираме и да им се посветиме на редовните активности за нашето афирмирање, презентирање на државата за да ја добиеме посакуваната покана за членство во НАТО.