Достапни линкови

Демократските партии во Србија под меѓународен притисок за формирање влада


Србија има уште неколку дена до крајниот рок за избор на нова влада. По изборот на Радикалот Томислав Николиќ за Претседател на Српското Собрание продолжуваат реакциите и меѓународниот притисок врз партиите од демократскиот блок да формираат влада. Николиќ во меѓувреме изјави дека Србија треба да изгради поблиски всрки со Русија која ги собира државите против хегемонијата на Америка и Европската Унија.

Во Белград, според неофицијални информации, под мегународен притисок вчера попладне дошло до директни разговори меѓу Претседателот Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница. И покрај одлуката на партијата на Коштуница да го подржи изборот на радикалот Тимислав Николиќ за претседател на Собранието никој од актерите на српската политичка сцена не ја отфрлаат можноста до крајот на неделата да се најде компромисно решение за избор на српската влада. Во меѓувреме само неколку часа по неговиот избор за претседател на Собранието Николиќ изјави дека Србија треба да бара поблиски односи со Русија а не со Западот. Русија според Николиќ, ги собира државите кои ке застанат наспроти хегемонизмот на Америка и Европската Унија. Николиќ веднаш по изборот се состана со русјкиот амбасадор во Белград Александар Алексејев, кој за можната поцврста соработка меѓу Русија и Србија изјави.

„Јас сметам дека тоа е целонсо внатрешна работа на Србија. Ние го почитуваме изборот на нашите српски пријетели. Амбасадата е секогаш подготвена за добра соработка на секое ниво и владино и собраниско.“

Алексев во врска со Косово додаде дека Русија има за цел да продолжат преговорите со цел да се дојде до заеднички прифатливо решение. Изборот на радикалот Томислав Николиќ за претседател на ппарламентот според директорот на Балканската иницјатива во Американскиот институт за мир за американската администрација ќе има спортивен ефект. Имено вели Сервер, за Воис од Америка, во Вашпингтон ќе преовладее мислење дека Белград не е партнер со кој може да се соработува, и бидејки партијата на Николиќ беше вмешана во етничкото чистење во 90 те години на минатиот век. Тоа, вели Сервер би ја отежнало евентуалната интеграцијата на Косово во Србија. Еве што за изборот ан Николиќ изјави Портпаролот на Стејт Депертментот Шон МекКормак.

„Никој не сака да види индивидуалец кој се обидуваат да воскреснат национализам на деструктивен начин. Тоа не и помага на Србија. Тоа не му помага на процесот за изградба на стабилен Балкан. Ние се надеваме дека во рамките на парламентарната дебата ќе ги смират емоциите и реториката.“

И за комесарот на Европаката Унија за проширување Оли Рен изборот на Николиќ е загрижувачки знак. Тој сепак изрази надеж дека проевропските партии во Србија ке успеат да формираат влада. Од друга страна ЕУ поради, како се вели, технички причини, го одложи парафирањето на договорот за визно олеснување и реадмисија со Србија за неколку дена.
XS
SM
MD
LG