Достапни линкови

Експертите сметаат проблемот е во недоволното знаење на македонските бизнисмени


Илузија во која никој не веруваше, но сонот да се прошири бизнисот од Македонија и на територијата на земја членка на Европската Унија се оствари, раскажува Емил Угриновски директор на здравствената ординација Неуромедика која од пред две години функционира и во соседна Грција односно во градот Кукуш со што се вброи во не толку големиот број македонски компании кои својот бизнис го прошириле во странство.

„Кај нас има скептицизам, бидејќи се смета дека овие проблеми со името, што јас лично никогаш ги немам почувствувано, ќе биде бариера да неможе да се освои тој пазар.“

Предизвикот за докажување и секако за исплатливост со оглед на поголемата економска моќ на граѓаните е освоен, а искуството за пазарните услови како што истакнува Угриновски покажува дека постојат разлики мегу македонскиот и грчкиот, односно европскиот пазар. Но и таму има проблеми, со кои се соочуваме и овде како административни процедури, но сепак законодавството подобро функционира, вели Угриновски:

„Исто така, немојте да мислите дека нема проблеми. Но сепак има некој ред во однос на спроведувањето на некои работи и нормално економскиот стандард си го прави своето.“

Административните лавиринти, слабоста на судскиот систем, корупцијата, нерешените имотни состојби се посочуваат како главни проблеми за развој на македонската економија. Освен ова правејќи паралела на економските состојби во земјава и во странство и воедно одговарајќи зошто го одбрал меѓународниот, а не македонскиот пазар, веќе етаблираниот на светскиот пазар бизнисмен Ристо Гуштеров посочува дека главен проблем во земјава е преголемото влијание на политиката:

„Мислам дека тоа е и грешката во транзицискиот период на Македонија, што политичката олигархија создаде и своја економска олигархија.“

Забележува Гуштеров. Токму овие проблеми, изминативе години лансираа малку успешни македонски компании кои ќе бидат доволно моќни за да го шират својот капитал и во странство, па често наместо во развој на домашната економија секоја од владите се насочува кон привлекување на странски инвестиции. Економскиот професор Ванчо Узунов објаснува:

„Многу е едноставен одговорот, бидејќи тоа е многу тешко и бара многу знаење.“

Наместо комплетно инвестирање на македонска компанија во некоја од земјите во светот, засега објаснува професор Узунов, домашните фирми ја одбираат наједонставната форма, односно само да извезуваат, а тука да произведуваат.
XS
SM
MD
LG