Достапни линкови

По 20 години под Жак Ширак, 12 кандидати во трка за претседател


Франција утре, избира. По дванаесет години под Жак Ширак, французите ќе гласаат за нивниот иден претседател. Во трката се дванаесет кандидати, но само четворица се сметаат за сериозни фаворити. Од нив пак само двајца, според анкетите, можат да сметаат на функцијата претседател на Франција.

Станува збор за поранешниот министер за внатрешни работи, десничарот Николас Саркози и за Сеголен Роајал од социјалистите која се надева дека би можела да биде првата француска претседателка. Разликата меѓу нив, како што покажуваат последните анкети, била околу четири, до пет насто. Дваесет и девет проценти би гласале за Саркози и скоро дваесет и пет за Роајал. Освен нив, добро се држи и ултрадесничарот Мари Ле Пен кој веќе шест пати е во претседателската трка и кој ги има стабилните тринаесет насто. Аналитичарите сметаат дека ваквиот распоред на силите би можело да значи дека во евентуалниот втор круг по две недели би можело Франција да сврти на десно. Тоа, според некои, делумно е резултат од неколкунеделните немири на имигрантите во сиромашните предградија на Франција пред две години кои беа скршени токму од Никола Саркози.

„Гледам вистинска опасност, бидејќи годинашата претседателска кампања е една од нечистите, кампања која го подгрева национализмот, кампања во која кандидатите бараат од луѓето да носат знамиња. Мислам дека тоа е многу опасно.“

Вели аналитичарот Патрик Лозес кој смета дека французите би можеле својот глас да му го дадат на Саркози. Токму тоа и ја отежнува позицијата на главниот кандидат на левицата Сеголен Роајал која пак, фокусот на својата кампања го стави врз зачувувањето на скапиот француски социјален систем.

„Ќе бидам претседател на републиката која ќе го гарантира овој социјален систем и кој ќе ја консолиира социјалната грижа за французите.“

Ветува Роајал. За разлика од неа, Саркози е свртен кон имиграциската политика. Ништо чудно, ако се знае дека тој е син на унгарски имигрант. На неодамнешната церемонија за имигрантите кои добиле француско државјанство тој ја даде својата визија за тоа каде го гледа имигрантот во Франција.

„Франција не бара од вас да заборавите од каде дојдовте. Франција не се градела врз заборавањето на личните приказни. Франција се градела врз богатството на сечиј идентитет. Да бидеш французин е нешто плус за секој од вас, не нешто помалку.“
И додека Саркози и Роајал се сметаат за најблиску до Елисејската палата, при крајот на кампањата ним опасно им се приближи, центристот Франсоа Бајру кој, според анкетите, би можело да добие деветнаесет проценти. Аналитичарите оценуваат дека поранешниот министер за образование кој се фокусирал врз земјоделците би можело да ги земе гласовите од оние што не се ни за Саркози, ни за Роајал. Некои дури велат дека Бајру има добри шанси да стане нов претседател на Франција, но само ако биде еден од првите двајца кои ќе ја завршат трката в недела.
XS
SM
MD
LG