Достапни линкови

Се интензивираат активностите пред судењето закажано за 16-ти април


Интензивирање на активностите пред почетокот на судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски закажано за 16 април. Оваа недела треба да се прецизираат деталите за првото рочиште од судењето или бројот на сведоци кои ќе бидат повикани на првиот ден од судењето, а тие се оние на обвинителството. Согласно со хашките правила и воопшто стандардите за постапување во вакви случаи официјално не се откриваат сведоците. Според правилата на Трибуналот посебен оддел е задолжен за приватноста на сведоците, го организира нивниот престој во хаг. За сега се открива само бројот на сведоци на обвинителството, а од одбраната не прецизираат:

„Се знаат точно колку се, а тоа се околу 130 сведоци и таа бројка не е тајна и веќе година и пол како ја доставивме листата на сведоци со некои измени. После сведоците од обвинителот и одбраната ќе повика свои сведоци, но тој број нема да биде толку голем, ќе биде помал бидејќи одбраната своите активности пред се ги насочува околу сведоците на тужителот, односно нивно испрашување во текот на судењето.“


Изјави Драган Гоџо од адвокатскиот тим на Бошковски.
Од страна на одбраната велат дека се подготвени за судењето:

„Ние сме подготвени за судењето на 16-ти ако Судскиот Совет одлучил, но тоа не значи дека подготовката на одбраната е запрена. Се работи интензивно на проверка на сите докази на обвинителството, на собирање на наши докази што подразбира пристап до архивите на Република Македонија, но и барања до мегународните организации кои во тоа време беа присутни во Македонија НАТО, ОБСЕ, европските набљудувачи. Постојано се работи.„

Изјави Едина Рашидович адвокатка на Љубе Бошковски.
Обвинението против Бошковски и тарчуловски беше покренато на 9 март 2005, кон крајот на март веке беа уапсени и префрлени во Хаг. И Бошковски и Тарчуловски се обвинети за кршење на законите и обичаите на војување. Тие пред судот се изјаснија дека се невини. Во обвинението се вели дека Бошковски знаел или имал причини да знае дека неговите подредени направиле кривични дела за време на нападот на село Љуботен, а ништо не сторил да ги казни. Знаел и дека албанските цивили се затворани или барем дека имал причина да знае дека подлежат на насилничко однесување.
XS
SM
MD
LG