Достапни линкови

Меѓународната заедница е против ваквата идеја


Српската власт официјално ја заговара идејата за непроменливост на границите со Косово, но нејзините луѓе, а и не само тие, постојано во јавноста ја пуштаат идејата за корекција на границите. Засега сите релевантни фактори на меѓународната заедница се против оваа идеја, која според кругови во Белград, Србија не би ја оставила понижена поради губењето на Косово.

Официјалната српска политика и по добивањето на планот на Марти Ахтисари, е против независноста на Косово. Шефот на Координациониот тим за Косово Санда Рашковиќ Ивиќ вели дека насоките добиени од владата се Косово да остане цело и во рамките на Србија, меѓутоа и самата вели дека ке видиме што ќе ни донесе иднината, а на прашањето што ќе се случи доколку Србија се најде пред дилемата да сочува дел од Косово или да го изгуби целото:

„Тоа е работа за која не може да одлучува ни еден човек, ни еден тим. Тоа може да го реши државата, ако не со референдум тогаш Парламентот како преставник на народот.“

Бившиот шеф на тогашната српско црногорска дипломатија Горан Свилановиќ не го исклучува официјален Белград од овие игри, но смета дека целата работа е задоцнета:

„Мене ми се чини дека ако Белград воопшто сакаше да разговара на тој начин, тогаш требаше многу порано да каже и така да разговара на преговорите. Така што не сум сигурен дали вака дефинираниот став на Белград на некој начин е правовремен или задоцнет.“

И Весна Пешиќ еден од лидерите на Граѓанскиот сојуз на Србија потврдува дека српската политичка елита доста надеж имала во таканаречениот план Б. Тој бил строго криен, вели Пешик, која наведува дека српската влада, очекувала дека кога ке го одбие планот на Ахтисари, некоја странска сила ке се обиде да ја одоброволи Србија со некој таков предлог. Основачот на Демократската Партија Десимир Тошиќ пак вели дека не знае дали за тоа прашање се врти и околу круговите на претседателот Борис Тадиќ. Но, еве што тој им порачува на домашните српски елити за да ја избегнат војната која Слободан Милошевиќ ја водеше против цел свет.

„Нема србин или србинка која не ја чувствува тежината на несреќата која ја доживеавме. Никој лесно не го прифаќа заминувањето на Косово. Меѓутоа јас мислам дека не можевме да добиеме подобар план од овој. Наша грешка ќе биде ако ја продлжиме политиката на Милошевиќ против НАТО, Обединетите Нации, Америка и Европската Унија. Јас се надевам дека претседателот Тадиќ ке вложи големи напори да бара некои олеснувања и дека нема да се поведе по претседателот на владата, по госпоѓата Рашковиќ – Ивиќ, а да не зборувам и за другите брадати стручњаци. На крајот ке дојде до тоа Србија и Косово заедно да влезат во Европа и второ - нека не плаче секој србин многу за територија, бидејки таа ја нема онаа вредност која ја имаше во 19 и 20 век.“
XS
SM
MD
LG