Достапни линкови

Сите знаат, никој јавно не зборува


Сте дошле ли некогаш во состојба да ви биде побарано мито?

„Не досега не.“

„Не никогаш.“

„Во Катастар само бараат. Како да кажам, преку други работи гледаш дека ти бараат пари.“

„Директно без посредници ми било побарано мито, на факултет.“


Иако мал број од анкетираните пред јавноста ќе признаат дека влегле во ваква зделка, за многумина оваа појава е многу очигледна. Не е единствено истражувањето што го спроведе Институтот за демократија пред еден месец во кое 82 насто од граѓаните му даваат прво место на судството според степенот на корумпираност, а веднаш зад него стојат политичарите и здравството. Директно од посочените сфери доаѓаат судијата Лазар Нанев од Основниот суд во Кавадарци и поранешниот министер за правда, а сега народен правобранител Иџет Меџити кои не се соочиле со такви примери во своето работење:

„Сум немал таква ситуација, ниту јас да дадам, ниту пак мене со оглед на позицијата ми нудел или паднал во искушение да ми понуди мито. Единствено како информација од странки кои што комуницираат, или пак одредени адвокати, имало зборување дека можеби некој колега земал нешто, дека слушнал такво нешто, меѓутоа директен контакт не.“

„Не сум имал таква позиција за да носам поединечна одлука или поединечен акт за да ми се случи тоа.“


Во сите досегашни години на бавење со политика освен преку медиумите и преку разни озборувања, немал контакт со корупцијата ниту политичарот Стојан Андов:

„Обично сум претседател на Собрание, или на други собрански функции итн, а тие не се атрактивни за такви нешта и навистина никаде не ми понудиле такво нешто.“

Вели Андов кој смета и дека врз ваквата комуникација, влијае и карактерот и профилот на човекот без оглед на функцијата која ја обавува:

„Како ќе се поставите или како ве знаат јасно им е дали тоа може или неможе кај вас да го направат и претпоставувам дека затоа не сум дошол во таква прилика.“

Додава во ист дух и д-р Ѓорѓи Оровчанец, политичар кој како поранешен министер имаше прилика да работи на сузбивањето на корупцијата во здравството каде што сеуште оваа појава постои заштитена во обвивката на јавна тајна. И додека надлежните апелираат и на свеста на граѓаните како помош во борбата против корупцијата многумина научиле дека поткупот најлесно ја остварува цела:

„Ќути си трај си и заврши си ја работата.“

Според последниот извештај на Транспаренси Интернешенал објавен кон крајот на минатата година, Македонија стои на 105-то место според степенот на корупција.
XS
SM
MD
LG