Достапни линкови

Потребна е деполитизација на членовите и посилна законска регулатива, сметаат надлежните


Oд вкупно 2 445 предмети, државната Комисија за спречување на корупцијата започнала да работи на 1963 предмети, а во 64% ги решиле овие случаи, ова е резулатот од работата во изминативе четири години на Комисијата што таа денеска го презентира во својот годишен извештај. Освен вкупната бројка извештајот дава слика за работата на Комисијата во изминатата 2006-та година кога се примени 679 предмети, а по сопствена иницијата односно според информации од јавноста Комисијата воспоставила 23 предмети според информации и во 21% од нив е донесена одлука за поведување на постапки. Слаѓана Тасева од досегашниот состав на Антикорупциската комисија за најголем успех во изминатата година ги посочува откривањето на случајот „Бачило“, денационализација и „Упа Ентерпрајс“:

„Сите овие три случаи покажаа дека постои сериозен проблем со корупцијата која што е поврзана со организирани криминални групи кои што делуваат во сите инстанци, бидејќи во истите случаи се вклучени и судии, и луѓе кои што работат во јавните институции како што се нотари, вклучени се и адвокати и луѓе од Јавното обвинителство не се ја завршиле својата работа.“

Слаѓана Тасева која е во заминување признава дека како слабост во работата на Антикорупциската комисија ја гледа во преголемата политичка доминација на членовите, што според неа посебно на виделина излегло при актуелното составување на новиот тим на Комисијата:

„Не е добро луѓето кои што влегуваат во една ваква институција однапред да имаат предзнак за припаѓање на некоја политичка опција.“

истакнува Тасева. А токму политиката вмешана во борбата против корупцијата како слабост ја гледаат и експертите што според нив се покажа со делегирањето на кадри од оваа институција директно во политиката. Колку се покажа како успешна работата на Антикорупциската комисија и што треба да се смени, експертот од оваа област Џевдет Хајредини посочува:

„Законската и институционална поставеност на оваа Комисија не е сосема јасна. Да укаже на другите органи да преземе мерки, па другите органи зошто би чекале за оваа Комисија да им укаже?“

забележува Хајредини.
XS
SM
MD
LG