Достапни линкови

Можни импликации на политичката и безбедносна сцена ако победат радикалите


Можни се ипмликации на македонската политичка и безбедносна сцена доколку во пресрет на решавањето на статусот на Косово на утрешните избори во Србија победат радикалите - велат аналитичарите.Според прфесорот Владо Поповски радикалите на власт би значело и несоработка на Белград со мегународната заедница што ке доведе и до влошување на состојбата во покраината

„Сметам дека безбедносно ќе се комплицира ситуацијата во Косово и импликации ќе има нужно во Република Македонија, барем во делот на албанскиот сегмент, којшто ќе покаже облик на солидарност, што дополнително ќе го оптерети безбедносниот биланс во Република Македонија,“

вели Поповки и додава дека таквата политичка поставеност кај нашиот северен сосед би можело да ги влоши и односите меѓу Белград и Скопје

„Бидејќи Македонија претпоставувам дека првенствено ќе се држи до меѓународната политика, бидејќи ние сме во перспектива и процес на евро интеграции и веројатно Република Македонија не би се солидаризирала со политиката на српските радикалли.“

Од друга страна аналитичарот Хисен Рамадани смета дека и покрај виското котирање на радиклаите на предизборните анкети тешко дека тие ке формираат сами влада.Од таму вели Рамадани не очекува доополнителни комлицирања на состојбите во регионов

„Војна во овој дел на Балканот заради Косово нема да има, по било која цена, било кој да дојде на власт. А, што се однесува до некои екцеси или некои инсталирани инциденти, може да има, помали, но мислам конфликт во смисла на создавање големи тензии.“

Извори од државниот врв пак со проценка дека има можност за бебзедносни импликации доколку Албанците во Косово се судрат со ставот на Белград и предизвикуваат инциденти во рамки на покраината .Македонски албанци никогаш не делувале автономно туку по примерот на она што го прави Приштина велат од државниот врв.Од министертсвото за внатрешни работи пак тврдат дека состојбата во Косово и Србија будно ја следат и доколку има некакви индикации подготвени се веднаш да реагираат. И претседателот на државата Бранко Црвековски за во вторник два дена по изборите закажа седница на Советот за безбедност на која ке бидат разгледани токму ново настаните состојби во соседството.
XS
SM
MD
LG