Комисија формирана од страна на Министерството за здравство ќе работи на реорганизација на Клиничкиот центар. Првично моделот кој што се предлага е клиниките сега здружени во Клиничкиот центар, да бидат поделени во посебни автономни едници, со јасни права, посебни буџети и одговорност на секоја клиника, со што според изјавите на надлежните ќе се придонесе на пациентите да им се пружаат подобри здравстни услуги. Првично, комисијата за реформи го разгледува и моделот професорите од Медицинскиот факултет, да бидат под надлежност на Министерството за образование, а доколку сакаат да продолжат со лекарската практика, ќе мора да склучуваат посебни договори со Клиниките. Дел од лекарската стручна јавност коментирајќи ги ваквите иако сеуште првични предлози смета дека се потребни реформи во здравството, но предупредуваат дека тие мора да бидат направени прецизно, во интерес и на вработените и на пациентите. Доктор Ѓорѓи Оровчанец поранешен министер за здравство се прашува како ќе се овозможи поделба на клиниките во сегашни услови:
„Се создаде впечаток дека се ,,оди,, на тоа да се растури Клиничкиот Центар. Ако е тоа реално, тогаш е лошо решение. Она што јас го сваќам тоа е реформирање на Клиничкиот центар, односно целосно осамостојување на клиниките, а тука неможете да направите поделба како што треба. Еве на една клиника се наоѓа и клиниката за очни болести и уво, нос и грло, тоа реално неможете да го поделите.“
Вели Оровчанец. Доктор Тихомир Крковски поранешен директор на Клиничкиот Центар, посочува дека не смее да се дозволи нешто што е градено 50 години да се урива:
„Се поставува прашање, дека најголем губитник ќе биде пациентот, еве да ја тргнеме настрана администрацијата. Имате пациенти со потреба од неколку клиники и тоа значи дека за секоја клиника ќе треба да има упат.“
Дека не смее да се дозволат реформи што ќе имаат краток рок, укажуваат и од Лекарската Комора од каде им укажуваат на надлежните дека мора да се изготвни Национална стратегија за здравствените реформи:
„Основно треба да се направи Национална стратегија која што би се усвоила од страна на Собранието на Репбулика Македонија, а вака мислам дека се прават обиди за промени за кои што незнаеме како ќе се покажат и сметам дека треба да има одредени искуства.“
истакнува доктор Спасе Јовковски од Лекарската комора на Македонија.