Достапни линкови

И покрај кандидатскиот статус, македонските граѓани остануваат блокирани


Македонија е прва земја од Западниот Балкан со која Европската унија започнува преговори за олеснување на визниот режим, информираат од министерството за надворешни работи. Мегутоа на заедничка средба во присуство на сите земји членки се отвораат мандатите или предлозите

„Само Република Македонија продолжува. Ние остануваме, двата тима продолжуваат. Денес попладне е првиот тим за олеснување, утре за реадмисија,“

изјави Шпреса Јусуфи од Министерството за надворешни работи. На почетокот на разговорите акцентот ке се стави на дефинирање на категориите грагани кои први ке бидат во можност да добиваат визи со помалку документи, во пократок временки период. Без условувања бидејки не сме во позиција, во текот на преговорите ке видиме каде ке се најдеме со Европската унија, вели Јусуфи која додава

„Самиот збор преговори кажува дека не се работи за условување. Никој не е во позиција да условува. ЕУ е таа што донесе одлука да почне преговори со Република Македонија, ние имаме потреба. Значи, ова за нас е само првиот чекор до целосна либерализација на визниот режим.“

Аналитичарите велат дека мегу сегашните и претходните најави од МНР за либерализација или сега олеснување на визниот режим нема суштинска разлика

„Јас лично не го сфаќам како уназадување ниту пак гледам терминолошка разлика меѓу олеснување и либерализација. Јас мислам дека секој чекор договорен со ЕУ кој ќе овозможи полесно и побрзо комуницирање наше со Европа е чекор напред,“

изјави Димитар Мирчев претседател на Европското движење.
XS
SM
MD
LG