Достапни линкови

За ОМО Илинден тоа била очекувана реакција, но незначи дека битката е изгубена


Одбивањето на амандманот со кој се бара да се признае македонското малцинство во Бугарија од страна на комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент не значи дека ја загубивме битката, реагираат од раководството на ОМО Илинден. Стојко Стојков од оваа партија вели дека донекаде оваа реакција од комисијата била очекувана:

„Тоа до некаде беше разбирливо и го очекувавме бидејќи имаше амандман кој што зборуваше вооопшто за малцинствата во Бугарија. Веројатно на повеќето членови на таа комисија не им е јасно зошто треба да има конкретен амандман и за нас и дополнително проблемот, како што изјавија некои од нив, дека проблемот не им бил познат, а сега наеднаш се поставува.“

За нас е најважно што Европа конечно ќе се запознае со проблемот за македонскиото мацинство во Бугарија, велат од оваа партија. И покрај првичните
Неповолни сигнали оттаму се надеваат дека на 30 овој месец европскиот парламент ќе го поддржи нивното барање за регистрирација на ОМО Илинден како политичка партија во Бугарија. И од македонското министерство за надворешни работи велат дека исходот од седницата на комисјата за надворешни работи е доказ дека во Европската Унија и малите малцински здруженија може да го присвојат вниманието на демократската јавност:

„Ние како Република Македонија принципиелно и постојано се залагаме за почитувањето на политичките критериуми од Копенхаген во доменот на малцинските права како и за почитувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права, и сето тоа нормално го очекуваме од сите земји кои што се наши соседи.“

изјави Шпреса Јусуфи портпарол на МНР.
Запрашан за тоа како ЕУ за која почитувањето на човековите права е една од примарните вредности, регира на непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија и Грција, амбасадорот на ЕУ во земјава, Ерван Фуере изјави:

„Ние очекуваме сите членки на Европската унија целосно да ги почитуваат стандардите кои се воспоставени на европско ниво без разлика дали се од Европската унија или Советот на Европа кој има многу конвенции поврзани со тоа. Повторно ова се прашања за кои треба низ дијалог, взаемна соработка, разбирање да се дојде до договор.“

И покрај ваквите оптимистички изјави од претсатавникот на ЕУ во земјава, последниот развој на настаните не оди во корист на македонското малцинство.
XS
SM
MD
LG