Достапни линкови

Усмен протест до Бугарија, а не протестна нота за инцидентот на гробот на Сандански


Македонското министерство за надворешни работи упати официјален протест до Бугарија поради инцидент кај манастирот Рожден кога на Македонците од ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин не им беше дозволено да одржат собир за чествување на 91-та годишнина од загинувањето на Јане Сандански.
Бугарскиот амбасадор во Македонија Михо Михов беше повикан во Министерството за надворешни работи за да ги објасни сличувањата
Ова соопштенеие со датум 18 Април 2006 година и со наслов протестна нота поради инцидентот во Рожен стои на страницата на владината агенција за инфромации. Прашањето била врачена или не протесна нота го отвори амабасадор Михо Михов во неделното интервју на Радио Слободна Европа кога негираше дека добил нота

„Госпоѓата Илинка Митрева не ми врачила протесна нота на мене и тоа беше измама и лага за македонското општетсво можеби диктирано од македонските медиуми. Категорично, јас не сум добил нота и немаше основа за врачување на нота затоа што за тоа за кое што прашувате се внатрешно бугарски односи и амбасадорот на Република Бугарија е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија кон Македонија а не да дискутира внатрешни проблеми на Бугарија.“

И портпаролот на министервото за надворешни работи Шпреса Јусуфи вели дека не била врачена протесна нота туку само усмен протест

„Амбасадорот Михов беше повикан во МНР, со тогашниот државен секретар и од наша страна беше вложен усмен протест во врска со овие немили настани.“

Во мегувреме речиси секоја година на чествувањето на гробот на македонскиот великан Сандански има инциденти.Конкретно лани за кога и беше отворена дилемата со протесната нота припадниците на бугарската нациналистичка партија ВМРО БНД не им дозвлија на Македонците од Бугарија да одржат чествување а гробот на Сандански беше прекриен со бугарско знаме на кое пишуваше Македонија е бугарска. Амбасадор Михов смета дека за да се избегнат инцидентите потребно е чествувањето да се одржува на повисоко државно ниво

„И тоа прашање за кое што вие зборувате за чествувањето на Јане Сандански моето мислење е дека тоа чествување и во иднина ќе продолжи и тоа на по одговорно државно ниво наместо на локално ниво и на локални односи за кои вие зборувате на граѓани од Македонија и граѓани од Бугарија како конфликтна точка. “

изјави Михов.
XS
SM
MD
LG