Достапни линкови

Не смее да се одлага решението за косовскиот статус


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека никакви избори не смеат да доведат до одлагање на решението за косовскиот статус. Тој и со предупредување дека на Србија и одговора насилство на Косово, бидејќи тоа ќе го искористи да прикаже дека Косово е несигурно место и како такво не заслужува да стане држава.

Се залагаме решението за статусот да не се одлага поради нечии избори и ова прашање да заврши до крајот на годинава во согласност на принципите на Контакт групата, вели за Радио Слободна Европа претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. Тој потстеува дека Косово во договор со меѓународната заедница ги одложи изборите што биле планирани исто така за крајот на оваа година. Според него, Приштина бара да продолжи меѓународното цивилно и воено присуство и по решението за статусот и оти во наредниот период ќе уследи пренесување на овластувањата од УНМИК врз кососвските власти:

„Сакаме оваа фаза да ни послужи во подготвките кои ќе овозможат Косово да стартува како силна држава. Станува збор за подготовка на законодавството, а посебно на уставот на Косово.“

Во тој поглед, како што вели претседателот Сејдиу, ќе бидат регулирани гаранциите за малцинските заедници што значи десет пратенички места за србите и десет за другите малцинства. Во владата ќе им бидат резервирани министерски и заменички места.

„Ќе постои двојно мнозинство при усвојување некои закони. Со тоа им се дава на малцинствата шанса да бидат слушнати нивните ставови. Доколку се работи на законот за верските слободи тој претходно ќе мора да ги добие гласовите на пратениците на малцинствата.“

Како следен пример на гаранциите за малцинствата, претседателот на Косово го наведува и Универзитетот на српски јазик во Митровица. Што се однесува до решевањето на проблемот со овој поделен град Сејдиу вели дека планот е во него да има две општини но со заеднички управен одбор како елелент за нивно приближување:

„Целта е со конструктивни потези и со помош на меѓународната заедница да го интегрираме градот. Иако има реакции дека со ова се признава поделбата на градот јас велам дека Митровица е Косово.“

Осврнувајќи се врз бомбашките напади во последниве недели на Косово, Сејдиу вели дека има луѓе кои ги поддржуваат тензиите и ја обвини Србија дека сака дестабилизација на Косово:

„Не сакам да ги прејудицирам работите кој би можело да биде одговорен, но порано беше, а и сега има најави од Србија дека нејзините паралелни структури и тајни разузнавачки служби се подготвени во секој момент да создадат нестабилност. Со тоа би се заклучило дека постои опасност за српската заедница и оти Косово на заслужува да биде држава.“

Вели во интервјуто за Радио Слободна Европа претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.
XS
SM
MD
LG