Достапни линкови

Не е можно затворање на вратата за нови членки на НАТО


Предупредувањата од европските лидери или францускиот претседател Жак Ширак дека проширувањето на НАТО може да ја промени улогата на алијансата како гарант на колективната безбедност на европските и северноамериканските сојузници, стручната јавност во земјава ги коментира како најава дека ке има посериозен пристап кон пристапувањето на новите земји членки. Значи државите кои се стремат кон членство во НАТО ке треба да придонесуваат за безбедноста, а не само да имаат корист, како да имаат учество во создавањето мир на светско ниво

„Мислам дека не доаѓа в предвид стопирањето, бидејќи политиката на НАТО од 99 година, а тоа е политика на отворени врати останува во сила,“

изјави Благоја Марковски од Балканскиот безбедносен форум.

Дека затворање на вратите на НАТО не е можно смета и Зоран Ивановски професор на Европскиот универзитет во Скопје. Тој додава во моментов не постои гаранција дека ке станеме членка, а кога ке се случи тоа ке се оценува индивидуално. Поканата вели тој, најверојатно ке биде упатена до сите земји од Јадранската повелба во исто време, но тоа не значи дека ке станат членки на алијансата истовремено.

„Верувам дека ќе го ценат успехот поединечно. Најдобро е да се влезе во група. Јадранската група е избрана за заедничко следење, но мислам дека Македонија по перформансите во одбраната е најдалеку, Хрватска е подалеку во економијата. Мислам дека реално може да очекуваме покана,“

вели професор Ивановски кој додава дека од големо значење е тоа што војници од македонската армија учествуваат во мисиите во Авганистан, Ирак.
XS
SM
MD
LG