Достапни линкови

Целите се преамбициозни за да може да се спроведат во еден мандат, велат економските аналитичари


Со денешното потпишување на економскиот манифест лидерите на партиите кои се дел од коалицијата на предлог владата ги определуваат насоките на дејствувањето чија цел е подобрување на економската состојба. За опозиционите Социјалдемократи ваквиот потег е алиби, затоа што како што вели Јани Макрадули програмата на владата е препишана од предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ:

„По природно ќе беше економската програма политичките партии од мнозинството во Парламентот го направат во програмата ан Влада. За жал програмата на Владата е иста со програмата на ВМРО ДПМНЕ и веројатно ова е само обид да се бајпасира недоследноста и можеби притисната од рокотовите, владата во овој момент ја има истата програма на ВМРО ДПМНЕ.“

Според програмата пак, која мандаторот Груевски ја поднесе до Собранието во економскиот дел се вели дека во наредните 4 години тие ќе работат на економската слобода, еднакви услови за работење, забрзани структурни реформи, а државата ќе стане партнер на сите и ќе се развие приватниот сектор со што ќе се обезбедат нови вработувања, а сето тоа ќе доведе до подобрување на животниот стандард.
Аналитичарот Хисен Рамадани оценува дека и Груевски продолжува со тенденцијата на сите премиери и влади досега, да предлага проекти кои се невозможни да се исполнат во еден мандат:

„На пример во програмата е ставено подобрување на животниот стандард на луѓето. Што значи тоа? Има многу елементи ова прашање, а воопшто не е елаборирано низ кои елементи ќе се подобрува стандардот. Ако се мисли дека со новите инвестиции ќе се подобри животниот стандард во еден мандат, тие ако почнат да влегуваат во државата денеска, потребни се најмалку три до четири години за да бидат ефектуирани, а не да даваат полни ефекти.“

Во некои деловина програмата има и конкретни рокови на пример дека јавната админстрација ќе се деполитизира и професионализира до 2007 година. Според Мишо Николов од Центарот за економски анализи зададените рокови се многу амбициозни:

„Ветувањата се реални, но роковите се малку преамбициони. Што значи постои можност да се направи сето тоа, но можеби роковите кои се зададени се преамбициозни.“

објасува Николов.
XS
SM
MD
LG