Достапни линкови

Пет години од Рамковниот договор меѓуетничките односи се подобрени


Пет години по конфликтот во Македонија кој заврши отако лидерите на 4 најголеми македонски и албански партии го потпишаа рамковнсиот договор во Охрид мегу етиничките односи се подоброни оценуваат аналитичарите .Според политикологот Хисен Рамадани денес за мегуетничките односи во јавноста се зборува на како што вели многу повисоко ниво:

„Постои една свест дека работите тргнуваат кон тоа да се гради држава, во која сите граѓани ќе се чувствуваат како нејзини припадници, не само како единки во општеството, туку и како субјекти во државата.“

За време на конфликтот пак особено кога на било која од страните имаше жртви фрустрациите и кај Албанците и кај Макеоднците растеа.Пет години од тогаш тие сеуште постојат но Рамадани вели дека не се загрижувачки

„Ние сме сепак Балкан. Фрустрациите во балканските земји, во тие недоизживеани национални романтизми, кај нас, сеуште тоа не е завршено. Мислам дека во тоа сме далеку.“

И професорот од филозофскиот факултет Ферид Мухиќ кој работеше на неколку анализи за квалитетот на меѓуетничките односи вели дека истражувањата покажуваат оти фрустрациите сеуште се пристуни

„Изненадувачки е колку висок процент на Македонците покажува неразбирање околу целосно отворање кон правата на употреба на јазикот на другите народи и тука има малку промени во однос на 2001 и 2002. Тоа покажува дека фрустрираноста останува. И кај Албанците, во ист процент, значи 97 насто, се за безусловно изедначување на јазичките и културните права. “

Но и покрај покрај тоа вели Мухиќ односите мегу двете најголеми заедници не биле никогаш порелаксирани од последниве неколку месеци.За тоа како пример ги наведува и актуелните протести на ДУИ кои се резулатат на наездовството зоштто не се дел од новата влада

„Всушност иако се обидува да се добие претстава дека е етничко, останува политичко, затоа што најостриот конфликт е меѓу двете албански партии, а не меѓу македонска и албанска.“
XS
SM
MD
LG