Достапни линкови

Љубиша Георгиевски кандидат за претседател на парламентот


Од неколкуте имиња за претседател на Собранието Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го предложи Љубиша Георгиевски кој според најавите ке биде избран на утрешното продолжение на првата собраниската седница. Со оглед на фактот што мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ ние ќе го прифатиме секој предлог, велат од Либерално демократската партија која е дел од коалицијата „За Македонија заедно“, а која загуби на овие избори:

„Ние ќе го прифатиме секој предлог за претседател на Собранието којшто ќе произлезе од ВМРО-ДПМНЕ, со оглед дека тие го имаат парламентарното мнозинство. Се надевам дека ќе продолжи да го води парламентот, онака како што до сега се водеше,“

изјави Роза Топузовска Каревска од ЛДП која е и член на собраниската комисија за избори и именувања надлежно тело кое на утрешната седница треба формално да го достави предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Паралелно течат разговорите за состав на новата влада. Партиите кои заедно со ВМРО – ДПМНЕ ке ја сочинуваат коалицијата се веке познати Демокартската партија на Албанците на Арбен Џафери, Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски, Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски и Лилјана Поповска со Партијата за демократска обнова на Македонија. Се прецизираат министерските ресори, како и замениците министри. Составот на владата треба да биде прецизиран заклучно со 16 август, но од победничката партија најавуваат дека тоа ке се направи и порано:

„Се разговара за ресорите, остануваат уште три четири ресори да се утврдат кому би припаднале и нормално, тоа може да доведе до поместувања кај веќе договорените. Затоа преговорите ќе потраат уште извесно време и се договараат личностите. Потоа треба да се утврдат и замениците министри затоа што и тие ќе имаат важна улога во новата влада. Јас очекувам новата влада да биде позната пред 16 август,“

изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG