Достапни линкови

Покрај нетрпеливоста, слични ставови за важни државни прашања


Иако во последниве четири години двете најголеми партии од албанскиот блок ДУИ и ДПА имаа различни политички ставови, а нетрпеливоста кулминираше во првиот дел од изборната кампања со неколку оружени инциденти сепак се поактуелна е можноста за коалицирање и на двете партии во идната влада.
Политиколозите сметаат дека без разлика не нетрпеливоста кога се работи за важни државни прашања и двете партии имаат слични ставови.

Според Хисен Рамадани владата во која би биле и ДУИ и ДПА би обезбедила и и поголема стабилност

„Мислам дека можат да се најдат заеднички основни атрибути, зашто каква што е ориентацијата на самата победничка партија, доминатни ќе бидат прашањата поврзани со економските текови. Иако до крај не се артикулирани аспектите, особено во албанскиот блок, нема спротивставени елементи околу битните атрибути на приоритетите на економијата. Второ, неостварените работи околу реализацијата на рамковниот договор, мислам дека на еден начин ќе имаат еден посмирен тек на елаборација на имплементирањето“

Според Жидас Даскалоски аналитичар во центарот за изстражување и креирање политики евентуалниот влез на ДУИ и ДПА во владата би ја намалила нетрпеливоста, а со тоа би се и избегнале мегусебните инциденти предизвикани од фрустрацијата кај некоја од партиите доколу не влезе во владата, затоа што како што вели ДУИ го очекува тоа заради фактот што освои повеке гласови а ДПА поради традиоцалните односи со ВМРО ДПМНЕ

„Добро би било тоа што, на пример, сите реформи во иднина што ќе ги тангираат и Албанците, ќе бидат општо прифатени. Значи, ќе имате во двете партии 95 отсто од Албанците коишто гласаат и нема да се случи една реформа партијата во власта да ја промовира, а партијата во опозиција да ја негира и да вели дека никогаш нема да ја прифати. Негативна работа е тоа што албанскиот гласач ќе биде лиѓен од право на избор: ако двете партии останат до крајот на четирите години на владеење, фактички тие нема да можат да разликуваат која е подобра – ќе ги имате значи двете партии во власта, нема да има една која што ќе може од опозиција да укажува на грешките“

Од ДУИ пак велат дека не сакаат да ја коментираат евентуалната идна соработка со ДПА во владата се додека траат преговорите. Од ДПА пак недостапни за било каков коментар.

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG