Достапни линкови

Светот во 2005-тата страдаше од војната против теророт


Амнести Интернешенел во својот редовен годишен извештај објавен денеска вели дека светот во 2005 страдаше од војната против теророт. Моќните влади и меѓународни организации играат опасна игра со човековите права во војната против теророт, предупредува Амнести наведувајки дека е поткопан моралниот интегритет на Соединетите Држави и Западна Европа.

Војната против теророт го сврте светското внимание и материјалните ресурси од потребите на човековите права и причини огромни штети на животите на обичните луѓе. Тоа е заклучокот на Амнести Интернешенл извештај 2006 година за состојбата на човековите права во светот. Ирена Кан генерален секретар во Лондон изјави дека моќните влади ги блокираа меѓународните организации и им наштетија на ресусрите во името на војната против теророт, при тоа затворајќи го едното око за масивно кршење на човековите права и хуманитарните катастрофи во делови на светот. Според Амнсти некои европски влади беа партнери во криминалот со Соединетите Држави во врска со апсолутната забрана на тортурата. Во извештајот се издига случајот на јеменецот Мохамед ал Асад затворен во 2003 додека работел во Танзанија додека работел во Танзанија, потоа префрлен во Џибути и Авганистан а веројатно држен и во Источна Европа. Тој беше ослободен во 2006 година.

„Колку многи загубив? Мојот морал мојата репутација. Страдав. Моите деца се млади. Ми се роди дете додека бев одводен. Мојот татко е стар.“

Генералниот секретар Ирена Кан вели дека на предодниците во човековите права владите на Соединетите Држави и на Западна Европа им е наштетен моралниот интегритет. Таа ургира до меѓународниет институции да делуваат похрабро.

„Во 2005 видовме дека Национални парламенти, во некои случаји Советот на Европа, некои европски институции како бараат истраги, но Европската унија остана тивка за кршењето на правата во Чеченија, Дарфур, Непал. Исто и Африканската Унија неуспеа вио случајот на Дарфур.“
Главните барања на Амнести интернешенел се следниве. Обединетите Нации и Африканската Унија да се ангажираат за кризата и кршењето на човековите права во Дарфур. Обединетите Наёции да преговараат за регулирање на трговијата на мало оружје. Соединетите Држави да го затворат затворскиот центар Гуантанамо беј, како и да ги откријат имињата и локациите на сите затвореници во војната против теророт. Новото тело Советот на Обединетите Нации да инсистира кај сите влади за еднакви стандарди на почитување на човековите права ширум светот.
XS
SM
MD
LG