Достапни линкови

Опозиционата ВМРО ДПМНЕ незадоволна од ажурирањето на списокот


Во текот на мината и на оваа година Министерството за правда од избирачкиот список по основ на смрт избришало 5 580 граѓани кои живееле во земјата и 935 кои живееле во странство, а се македонски државјани, соопшти денеска министерката за правда Мери Младеновска Ѓорѓиевска:

„Вкупните избирачи за парламентарните избори 2006-та година во овој момент, врз основа на податоците што ќе бидат ставени на јавен увид изнесува 1 милион 742 илјади и 316 избирачи. На привремена работа и престој во странство се вкупно 59 650 граѓани. Почнувајќи од утрешниот ден граѓаните ќе можат да ги проверуваат податоците во избирачкиот список во подрачните одделенија на Министерството за правда и месните канцеларии.“

Од опозиционата ВМРО ДМПНЕ која во изминатиот период имаше забелешки во однос на ажурирањето на избирачкиот список, велат дека се незадоволни од работата на надлежното министерство:

„Министерството за правда не направи ништо во однос на прочистувањето на избирачкиот список и во однос на несовпаѓањето на податоците од пописот и податоците што се внесени во избирачкиот список.“

вели Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ.
Министервото за правда пред овие парламентарни избори кои под притисок на меѓународната заедница да бидат целосно регуларни, во јавноста веќе се нарекуваат ,,скандинавски,, најави два нови проекти во соработка со граѓанската асоцијација МОСТ и Македонски телекомуникации. Имено граѓаните преку интернет со внесување на името и презимето и единствениот матичен број ќе можат да проверат дали се внесени во избирачкиот список. Истото ќе можат да го проверат и преку јавување на фиксен телефон или со СМС порака кон двата мобилни оператори за што ќе треба да платат 10 денари плус 18% ДДВ.
Вељановски вели дека не очекува ниту оваа акција да има конкретни резултати:

„Постојано при секои избори и секој граѓанин кој оди сам за себе да се проверува. И нема ниту законско право да го избришат од избирачкиот список во однос на некој граѓанин.“
XS
SM
MD
LG