Достапни линкови

Политичко планирање на самитот во Рига


Шефовите на дипломатиите на земјите на НАТО и на Европската Унија денеска во Софија започнуваат дводневна неформална средба. Целта, според генералниот секретар на Алијанста Јап де Хоп Схефер, е политичкото планирање на самитот во Рига. Македонија е во групата земји кои очекуваат сигнал за покана за членство од овој самит посветен пред се на трансформацијата на Алијансата. Ова прашање ке биде едно од темите на софиската средба најави генералниот секретар Схефер.

Шефовите на дипломатиите на НАТО не се срекаваат често и затоа средбата во Софија е важна во поглед на планирањето на ноемврискиот самит во Рига, изјави генералниот секретар Јап де Хоп Схефер при што, вели, главна цел е трансформацијата на Алијансата.

„Генерална насока на оваа дискусија е дека е погрешно во 21 век да се одговара со одговори од 20 век. Мораме да бидеме иновативни, а тоа не се прави со постоечкото партнерство. Но тоа е обид да се најдат одговори во ново и предизвикувачко политичко и безбедносно време. Тоа не значи НАТО да стане глобална алијанса. Но, тоа е претворање на НАТО во алијанса со глобални партнери, бидејки заканите и предизвиците се од глобален карактер.“

На прашањето за можното идно проширување на НАТО во кое би биле вклучени Македонија, Хрватска, Албанија, Грузија, Украина и други земји Шефер одговори.

„Рига нема да биде самит на кој ќе биде донесена одлука за проширување. Прерано е за тоа и тоа нема да се случи. Но јас знам дека овие земји,= имаат аспирации да станат членки на НАТО и во нивните различни фази ќе очекуваат сигнал од сојузниците во Рига. И јас исто така знам дека сопјузниците дискутираат дали да дадат сигнал. Ако одговорот е ДА, а јас верувам дека ке биде ДА, прашањето е каков вид сигнал ќе се испрати. Тоа е дискусијата која сега ја започнуваме во Софија.“

На средбата во Софија ке се дискутира и за ситуацијата на Балканот и посебно за Косово. Генералниот секретар Схефер изјави дека Нато е ви постојан контакт со претеникот на Обединетите Нации Марти Ахтисари. Софија е местото каде што денеска и утре ке се претресат темите од Авганисатн до Блискиот Исток кој вечер е посебна тема на неформалната вечера на министрите за надворешни работи на НАТО и Европската Унија. Ке бидат одржани и посебни средби на Советот на НАТО и Русија и Комисијата НАТО – Украина.
XS
SM
MD
LG