Достапни линкови

Здрава храна и физички активности за избегнување болести


Експертите советуваат- здрава храна и физичка активност за да се намали ризикот од болести. Да се јаде овошје, зеленчук и интегрална храна, а да се избегнуваат маснотиите и да се јаде толку колку што му е потребно на организмот, а вишокот калории да се троши со физичка активност. Доктор Златка Димитровска од Републичкиот Завод за здравствена заштита, објаснува што му се случува на нашиот организам кога не ги почитуваме овие препораки.

„Ја намалува отпорноста на организмот, ги зголемува маснотиите во крвта, го зголемува крвниот притисок итн. Со физичката активност му даваме правилен развој на организмот, ја одржуваме телесната тежина, се троши негативна енергија што се собира кај нас.“

Македонската популација се дебелее, зашто луѓето не се физички активни и не конзумираат здрава храна, додава доктор Димитровска. Тој тренд е растечки, а заедно со него доаѓаат и болестите.Граѓаните со кои разговаравме ни објаснуваат што преземаат за да си го заштитат здравјето.

„Постар човек сум, секој ден шетам, тоа ме одржува. Не давам пет пари за политичарите и затоа сум добар.“
„Го чувам здравјето, спорт.“
„Чист воздух, прошетка наутро.“


Сепак, дел од граѓаните признаваат дека обрнуваат внимание на своето здравје, кога веќе треба да се оди на лекар.

„Најмалку гледаме за здравјето, посебно кога сме на нога, кога ќе се разболиме тогаш, но тогаш е многу доцна.“

Светската здравствена организација подвлекува дека превенцијата е метод кој треба да се практикува насекаде во светот.
XS
SM
MD
LG