Достапни линкови

Вложувања во инвестиции за развој на македонската економија


Парите што Македонија ги доби од продажбата на Електростопанство дистрибуција не се доволни за одредени економски реформи што треба да се спроведат и истите треба да бидат вложени во инвестиции што ќе донесат поголем профит во македонската економија, укажуваат експертите.

„Како ќе се трошат парите зависи и од предлог проектите за тоа како тие пари би донеле поголеми приходи. Битно е и каде ќе се инвестираат, дали ќе се инвестираат во инфраструктура или во сектори каде што ќе имаме поголем обрт за кратко време,“

изјави економскиот аналитичар Јордан Шиковски

Приватизацијата на ЕСМ значи поголеми права за потрошувачите зашто во случај на дефект, истите ќе имаат право на оштета, вели Шиковски, но сепак потенцирајќи дека поради кревкиот економски систем во земјава, каков било негативен ефект од приватизацијата тешко ќе се одрази врз граѓаните.

„Дали тоа ќе бидат одредени промени на одреден кадар во ЕСМ или со минимално зголемување на цената ќе се одрази страшно на нашата економија.“

На прашањето како ќе се искористат парите од продажбата на ЕСМ, министерот за финансии Никола Поповски изјави:

„Парите ќе влезат во буџетот и ќе се употребат за повеќе намени. Во моментов деизните сметки на Министерството за финансии се околу сто милиони евра и тие служат за отплата на надворешниот долг. Ние нема посебно да ги воидме средствата кои ќе влезат од ЕСМ тие ќе влезат во тој куп.“

Аранжманот кој Владата го потпишала со Меѓународниот монетарен фонд, а со кој таа се обврзува парите да се слеат во девизни резерви, го потврди и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но според неа таквата намена на парите, не води кон странски инвестиции.

„Ако одат парите во девизните резерви, тогаш нема пари за инвестиции. Инвестиции во ЕСМ може да се обезбедат многу лесно со задолжување на меѓународниот финансиски пазар, зашто ЕСМ е можна и рентабилна компанија,“

изјави лидерот на ВМРО-ДПНМЕ, Никола Груевски

Министерот за економија пак, Фатмир Бесими неодамна изјави дека е извесно оти парите нема да се трошат во мандатот на оваа Влада, туку во следната и оти одговорноста за вистинската намена на парите ќе ја има новата Влада и Собрание што ќе ги изберат гласачите на претстојните избори. До крајот на неделава, новиот сопственик на ЕСМ Дистрибуција, австриската компанија ЕВН, треба да ги уплати парите, а штом истите ќе легнат на сметка на државата, Австријците ќе ги добијат акциите.
XS
SM
MD
LG