Достапни линкови

Проект на Министерството за економија и УНДП за стимулирање на инвестициите


Македонија, го дели последното место со Албанија и Молдавија, кога станува збор за директни странски инвестиции. Во 2004тата во земјава биле вложени 151 милион американски долари, според истражувањата на Агенцијата за Странски инвестиции. За да се подобри состојбата, Министерството за економија и УНДП вчера ја потпишаа третата фаза од проектот за стимулирање на инвестициите. А почетоткот бил во 2003-тата. Вториот човек на УНДП Нуримаса Шимумура вели:

„Факт е дека инвестициите се уште не се зголемени. А без тоа не можеме да ја намалиме сиромаштијата и да имаме активно вклучување во социјалниот живот.“

Министерот за економија, Фатмир Бесими со став-проектот треба да го унапреди деловното опкружување и да ја намали неформалната економија.

Од проектот се очекуваат повеќе придобивки. Најпрво ќе треба да ја подобри комуникацијата на потенцијалните инвеститори со општините, да овозможи финансиски и даночни олеснувања. Но главната цел е прилив на директни странски инвестиции, со што ќе се зголеми конкурентноста и вработувањето. Според тоа, спасот од сиромаштијата и намалувањето на големата бројка на невработени Валдата, но и експертите го гледаат во директни инвестиции.

Од осамостојувањето до средината на 2005та во Македонија вкупно се инвестирани милијарда и 300 илјади долари, а најмногу инвестирале Унгарија, Грција Кипар, Австрија и Соединетите Држави. Раководителот на секторот за директни странски инвестиции Маја Ќурчиева ги посочува областите во кои досега имало инвестирање:

„Најголем дел од странските инвестиции се застапени во услугите.“

Сепак, странските агенции ја вбројуваат Македонија како земја која е ризична за инвестирање.
XS
SM
MD
LG