Достапни линкови

Албанските политички партии бараат усвојување закон за јазиците и за правата на припадниците на ОНА


Во последно време од страна на албанските политички партии се повеќе се актуелизираат прашањата како усвојување на закон за употреба на јазиците и за правата на припадниците на ОНА.

„Законот е потребен поради самата идеја дека во Македонија треба да се дојде до помирување меѓу две големи етнички заедници кои имаат капацитет за стабилизација или дестабилизацја.“

„Прашањата изнесени се меѓу приоритетите за нашата партија, меѓу другото и работите поврзани со јазикот и работите поврзани со социјалниот статус, значи на сите кои се жртви на конфликтот 2001 година,“

изјавија Арбен Џафери претседател на ДПА и Теута Арифи
Потпретседател на ДУИ.

За што станува збор политички маркетинг или условување на коалиционите партнери. Аналитичарите велат и едното и другото, како и дека тоа е обид да се утврдат приоритетите

„Во стартот, посебно и во време на траењето на кампањата има и работи кои се ставаат во функција и за придобивање на одредена опција. Сигурно дека ќе има некои претерувања во сета таа кампања,“

Изјави аналитичарот Хисен Рамадани. Ефтим Манев од ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Постојат и двете размислувања и ултиматум и за политичко коалицирање, кое би навело да бидат политичка сила во електоратот каде што тие добиваат гласови.“

Од СДСМ очекуваат приоритети во политичките програми да бидат пред се европските стандарди

„После добивањето на кандидатскиот статус, јасни се барањата што треба да ги задоволиме. Мислам дека политичките платформи на партиите нема многу да се разликуваат, тоа се барањата на ЕК,“

изјави Јани Макрадули.
XS
SM
MD
LG