Достапни линкови

Кој би можел да го замени генералниот секретар на ОН Кофи Анан?


Во минатата недела Советот за безбедност ги почна консултациите за тоа кој би можело да биде идниот лидер на Обединетите Нации. Мандатот на сегашниот генерален секретар Кофи Анан од Гана завршува на крајот од годинава. Тој скоро цела деценија е на оваа функција и според повелбата на Светската организација нема право да се кандидира за трет мандат. Кој би можело да го замени?

Џон Болтон , американскиот амбасадор во Обединетите Нации вели дека изборот на следниот генерален секретар би можело да биде една од најважните одлуки на Светската организација во оваа година. Но, според него, се уште е рано да се зборува за имиња.

„Имавме општа дискусија за идниот генерален секретар што е дел од нашите консултации меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност. Но, само тоа можам да ви го кажам, навистина.“

Според Повелбата, генералниот секретар се наименува од страна на генералното собрание, а по препораката што ќе ја добие од Советот за безбедност. Постои е едно непишано правило, генералниот секретар не може да биде од земја која е постојана членка на Советот, значи од Кина, Франција, Русија, Британија и Соединетите Држави. Досега ова правило се почитуваше. Некои дипломати во Њујорк изразуваат жалење поради тоа што поради ваквиот непишан договор не е можно нов шеф на Обединетите нации да стане поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Освен него, како можни кандидат се спомнуваат и поранешниот претседател на Полска александар Квашњевски, тајландскиот заменик премиер Суракиарт Сатиратаи, претседавачот на Генерланото собрание швеѓанецот Јан Елијасон, шефот на јужнокорејската дипломатија Бан Ки Мун...Инаку, за време на над шеесетгодишната историја на Обединетите Нации се искрисртализира уште едно неформално правило, таканаречената географска ротација на генералните секретари. Но, амбасадорот Болтон вели дека тоа правило нема посебно значење. Сепак, повеќето африканско азиски членки се за почитување на ова правило и се залагаат идниот секретар да биде од Азија. Имено, последниот од тој континент беше У Тант од Бурма во текот на шеесетите години од минатиот век.

„Нашата позиција за поддршка на азиски кандидат е јасна и цврста. Веруваме дека со повеќе од две милијарди жители, Азија може да обезбеди способни кандидати за Обединетите Нации.“

Вели кинескиот амбасадор во Њујорк Венг Гуангуа. Процесот на селектирање на идниот генерален секретар ќе се интензивира наесен, со почетокот на идната сесија на Генерлното собрание.

„Немаме некоја категорична позиција, некоја црвена линија или пак силни принципи околу ова прашање. Се е во сферата на разговори. Што се однесува до азиски кандидат, тоа е само традиција.“

Вели рускиот амбасадор во Обединетите Нации Андреј Денисов. Инаку, досега на чело на светската организација никогаш не била жена, па многумина шпекулираат дека тоа овојпат и ќе се случи. Затоа како најдобар кандидат се спомнува премиерката Бурма Аунг Санг Суу Ки.
XS
SM
MD
LG