Достапни линкови

Нема место за паника


Веќе неколку месеци состојбата во земјава будно се следи и ветеринарните екипи постојано работат на терен. Нема место за паника, смируваат од управата за ветеринарство во земјава, иако признаваат дека постои опасност од ширење на болеста кај нас.

„Набавени се сите дијагностикуми за привчна дијагностика. Во контакт сме со колегите од соседните земји. Нема потреба да се малтретираат патниците на граница, болеста не доаѓа преку граница и птиците кои ја пренесуваат болеста не доаѓаат преку граничните премини,“

објаснува Слободен Чокревски, директор на Управата за ветеринарство.

Тој додава дека сите птици во земјава за кои постоело сомневање дека се заразени од оваа болест, покажале негативни резултати, смируваат од Управата за ветеринарство. Присувството на смртоносниот вирус Х5Н1 кај диви птици во Бугарија, Грција и Италија повторно ја разбранува јавноста, предизвикувајќи паника кај луѓето. За епидемиолозите паниката не е оправдана:

„Оваа паника во моментов од нејадење пилешко, јајца. Нема потреба и бесмислено е. Нема потреба од таков страв. Ова е повеќе наметната психологија на страв, отколку постоечки објективен страв,“

вели др. Јадранка Костовска од министерството за здравство

Од вчера Македонија воведе привремена забрана за увоз на пилиња и на производи од живинско месо од Грција, Бугарија и Италија. Оваа забрана не е дефинитивна, потврдува Чокревски:

„Затоа што се работи за случај кај дивите птици, нема пренесување на болеста од дивите птици кај живината и чувствуваме дека ќе биде исто како кај Хрватска.“

Од управата за ветеринарство соопштуваат дека се спроведени неколку обуки на ветеринарните инспектори во врска сио тоа како треба да постапуваат во случај на појава на сомнеж на заболени птици, и дека во меѓувреме по препортака на Европската Унија се врши мониторинг на дивите и домашните птици во земјава.
XS
SM
MD
LG