Достапни линкови

ЕУ ќе започне преговори со Македонија за извоз на македонски производи


Во наредниот период според последниот документ на Европската унија за земјите од Западен Балкан дијагоналната кумулација на потекло на производите ке биде тема на разговори, и тие ќе започнат прво со Македонија и Хрватска. Дијагоналната кумулација подразбира во кој степен учествува македонската компонента во конечниот производ, доколку има учеството на елементи од азиски, африкански економии и слично, тогаш производот не може да се продава како домашен македонски на пазарот на Европската унија. Идејата е да се отстранат компонентите од овие држави и земјава да може да ги пласира своите производи на европскиот пазар

„Македонија до сега имаше проблем со таа дијагонална кумулација, со тоа што производи што имаа компоненти со потекло од соседните земји не се признаваа како македонски производи. Ако се отвори и реши позитивно, за сите производи кои потекнуваат од ова подрачје и се преработуваат во Македонија, македонскиот извоз ќе добие,“

изјави Ванчо Узунов, професор по применета економија на Правниот факултет во Скопје. Сепак во Македонија и во моментов има производи што излегуваат на пазарот на Европската унија. Можеби станува збор само за некои, велат стопанствениците, но сепак ги има и тие ги задоволуваат стандардите и се конкурентни. На пример, фабриката Агроплод од Ресен најчесто извезува во земјите од регионот, а на европскиот пазар во Шведска

„Ние имаме исо стандард. Одреден дел на производи, како ресаната, со имплементацијата на хасап системот за квалитет, ги исполнуваме и условите на ЕУ,“

изјави Миодраг Потич, извршен директор на фабриката.
XS
SM
MD
LG