Достапни линкови

Без коментар од прозваните и надлежните


Дали аферата за тајните сметки во Швајцарија на претседателот Бранко Црвенковски и екс премиерот Хари Костов добива нова димензија откако во вчерашното интевју на телевизјата Канал 5 поранешниот премиер и неформален лидер на ВМРО НАРОДНА Љубчо Георгиевски изјави

„Јас заедно со господинот Бучковски, господинот Верушевски и господинот Бојчевски ја направивме аферата тајни сметки на господинот Хари Костов и господинот Бранко Црвенковски.“

Јавниот обвинител Александар Прчевски вели дека не сака да коментира не сериозни изјави. Тој речиси еден месец од кога неделникот Фокус ја објави аферата е критикуван од медиумите затоа што не поведе никава постапка. И од државната антикорупциската комисија со сличен став .Велат не коментираат изјави дадени во медиуми. Немаат коментар ниту од кабинетот на премиерот Бучковски ниту од Министертвото за внатрешни работи каде што се вработени посочени Бранко Бојчевски и Зоран Верушевски.

Во меѓувреме претседателот Бранко Црвенковски и поранешниот премиер Хари Костов лично извадија потврди од банката Американ Експрес според кои тие немаат сметки. Црвенкоски пак самостојно поднесе тужба против соптвеникот на Фокус Никола Младенов за фалсификат.На неоднамешната прес конференција свикана по повод аферите престедатолот изјави и дека е разочаран од државните инститиуции надлежни за борба против корупцијата

„Најмал проблем е дали јас лично сум бил разочаран затоа што сум бил оставен сам да ја водам оваа битка. Јас сум разочаран од нешто друго многу повеќе, а тоа е дека видовме каква конфузија владее кај најодговорните институции за борба против криминалот и корупцијата.“

Денеска пак антикорициска комисја го презентира годишниот извештај за нивна работа. Бројката на случаи кои тие ги примиле од грагните е 563 , а комисијата по сопствена иницијатива покренала постапка во 18 случаи. Според извештајот решени се вкупно 798 предмети вклучувајќи ги и заостанатите од претходните години. Претседателот на комисјата Михајло Маневски вели дека иако има напредок сеуште не е воспотавен ефикасен ситем за борба против корупцијата

„Тоа се должи меѓу другото и на присутните неповолни состојби во јавната администрација. Бавноста на судските постапки, високиот степен на дискрециони овластувања и непочитувањето на законите,“

објаснува Маневски.
XS
SM
MD
LG