Достапни линкови

Проблемот не е само во регулативата, туку во спроведувањето


Во Македонија не постои закон за испитување на потекло на пари. Токму затоа, посочуваат експертите се случува да постојат богати луѓе, за кои не е јасно од каде им се парите. Професорот по кривично право Ѓорѓе Марјановиќ, вели дека во Европа е несфатливо некој да вложи поголема сума пари во банка, а службите да не испитаат од каде му се, а камо ли како кај нас да купува капитал без да го докаже потеклото на финансиските средства. Коментирајќи ја потребата за донесување таков закон, Марјановиќ вели:

„Само кај нас може да се прави без да се праша воопшто од каде се парите. Имаме случај, жената била директор на Катастар и да купи куќа, се испоставува дека е вмешана во криминал, си ја плаќа казната, а никому не му паѓа на памет од каде и се парите на оваа жена? Тоа значи дека имаме апсолутно неинтелигентни даночни органи.“

објаснува тој и додава дека сега кога сме земја кандидат за членство во ЕУ ќе мора да ја усогласиме законската регулатива и во оваа област:

„Европа има регулатива. Во Советот на Европа има конвенции. Ние и до сега сигурно сме ги потпишале. Ние лесно потпишуваме, ама тешко спроведуваме.“

Соран Јачев од Транспарентност Македонија пак, со спротивен став, вели, нема потреба од таков закон, затоа што постојат закони како да се контролира потеклото на парите, проблем се институциите што треба да го спроведат тоа, потенцира Јачев:

„Недостасуваат резултати од нивното работење. Главниот проблем е политичката волја, односно давање сигнал од горе.“
XS
SM
MD
LG