Достапни линкови

Потврда за реформите во изминатите години


Македонија доби позитивна потврда за рефоримте што во изминативе години ги направи на патот на евроинтеграциите, но сега земјата се наоѓа пред големи предизвици и напорна работа кон остварувањето на крајната цел - членство во Европската Унија, ова се реакциите на државниот врв и претставниците на меѓународната заедница по одлуката на европските лидери на средбата во Брисел, кои одлучија на државава да и биде доделен статусот на кандидат за полноправно членство во Унијата. Во обраќањето до нацијата, претседателот Бранко Црвенковски изјави:

„Денешната одлука претставува исклучителна одговорност да продолжиме со уште поголема посветеност по истиот курс и кон истата цел.“

Продолжуваме да работиме на усвојување на европските страндарди и вредности, а по оваа одлука убедени сме дека ќе се почуствуваат позитивни придобивки, истакна пак премеирот Владо Бучковски:

„Свесен сум дека кандидатскиот статус не е волшебно стапче, со кое веднаш ќе се решат сите прашања кои ги засегаат граѓаните, особено оние кои се однесуваат на економијата. Сепак бидете убедени дека и кај нас ќе се повторат искуствата од другите земји каде по кандидатскиот статус се зголемија инвестициите и се подобрија условите за бизнис. Веќе пристигнуваат и најави за олеснување на визниот режим, но и подршка за новите ИПА фондови кои Македонија ќе може да ги користи.“

По неформалната прослава, министрите продолжуваат со свечена седница во Владата на која ќе се утврдуваат понатамошните чекори, потврдува вицепремиерот за евроинтеграции Радмила Шеќеринска:

„На седницата на Владата се надевам ќе го усвоиме акциониот план кој што ќе каже што Македонија ќе треба да сработи и во 2006-та и по 2006-та година, прво за да добие преговори, а потоа за да биде успешна во водењето на преговорите.“

За значајноста од стекнувањето на статусот на кандидат за членство во Европската Унија на земјава, претставниците на меѓународната заедница, британскиот амбасадор Роберт Четерсон Диксон и амбасадорот на ЕУ во државава Ерван Фуере изјавија:

„Мислам дека ова е голем ден за Македонија и исто така за Европската Унија. Се радувам што токму британското претседателство го додели овој позитивен резултат, но очигледно има уште многу да се направи за Македонија да се приближи кон Унијата.“

„Тоа е признание за огромните напори и храброста покажана од оваа Влада и од сите луѓе во Македонија. Ова дава голема надеж и е многу значајно за помладите генерации, за поголема безбеденост и подобра иднина.“


потенцираа Диксон и Фуере.
XS
SM
MD
LG