Достапни линкови

Утре тендер за продажба на ЕСМ, јавноста и опозицијата реагира


Владата утре во „Фајненшл тимес“ во Службен весник ќе го објави тенедерот за продажба на Електростопанство на Македонија. Ваквиот потег на владата веке долго време предизвикува раеакции меѓу стручната јавност, опозицијата и граѓаните. И две минисерства за транспорт и врски и за финасии сметаат дека продажба е против уставна затоа што дел од земјиштетото кое што се продава сеуште не е денационализирано. Ромео Јосифовски од Здруженито на грагани Глас за светлина кое е организато на денешните протести против продажбата вели дека се одлучиле на овој потег пред се поради прашањата кои остануваат неодговорени:

„Дали владата по продажбата на ЕСМ ќе има механизам со којшто ќе може да ја регулира цената на електричната енергија, да не ни се повтори Телеком. Кој е бенефитот за граѓаните и дали ќе има отпуштања од работа на ЕСМ. Баравме одговор од владата, но до денес не добивме и затоа се одлучивме да одиме на протест,“

вели Јосифовски и додава дека според нив ниту една влада не треба да го продава Електостопанство пред Македонија да влезе во Европската Унија.

Од опозионата ВМРО ДПМНЕ пак велат дека тие се за приватизација а не за продажба на 90 отсо од акциите како што најави владата

„Да влезе во процес на приватизација е добро и за нас и за системот. Ама, процес на приватизација и продажба не е исто. Процес на приватизација значи реорганизација и модернизација,“

објаснува Атанско Туневски и додава дека овој начин може да донесе неповолности за граѓаните како поскапување на струјата и отпуштање на многу вработени. Тој обвинува и за нетраспарентна продажба

Во тендерот на владата пак нема да има минимална цена за продажба туку ке се формираат одредени услови со кои ке се врши предкфаликација на фирмите за да се утврди нивната сериозност. Фирмите пак кои ке влезат во потесниот круг ке треба да уплатат 50 илјади евра за тенедерска документација и да дојдат на разговори во Скопје од 9 јануари до 6 февруари идната година.
XS
SM
MD
LG