Експертите кои се собраа во Лондон велат дека до пандемија на птичјиот грип ќе дојде и затоа светот треба да биде соодветно подготвен.
„Мислам дека повеќето научници би се согласиле оти не станува збор за дали, туку кога. Но, тоа е тешко да се каже. Слично е како да предвидуваш земјотрес.“
вели Питер Опеншоу, специјалист по експериментална медицина во Империјал колеџот во Лондон. Засега, како што додава тој, болеста е се уште ретка и покрај секојдневните милијарди контакти меѓу птиците и луѓето. Бројот на потврдените случаи од овој вирус е сто и триесет луѓе од кои седумдесет починале.
„Доколку вирусот мутира во форма што ќе се пренесува меѓу луѓето, тогаш ќе биде скоро неможно да се спречи епидемијата. Едни од најекстремните мерки како например стопирањето на сите авионски летови, затворањете на сите училишта и неодењето на работа би можело само малку да го задржи ширењето на болеста.“
Опеншоу смета дека доколку тоа се случи сега светот не може соодветно да одговори, бидејќи не е во состојба да произведе големи количества вакцини. Друг проблем е тоа што никој не знае што ќе донесе пролетната миграција на птиците.
„Тие наесен летаат на југ и напролет се враќаат на север во Европа. Останува можноста со себе и натаму да ја носат болеста.“
Вели Џејмс Кирквуд, ветеринар и специјалист за болести кај дивите птици. Колин Блекмур, шеф на британскиот Медицински истражувачки совет смета дека токму поради сите овие неизвесности Лондонската конференција се одржува во вистинско време. Според него, земјите од Источна Европа и Азија мора да ја одиграат клучната улога во спречувањето на пандемијата:
„Ова не треба да значи дека пренесувањето врз луѓето или пандемијата ќе се случи во Источна Европа или Централна Азија, но токму земјите таму се први на удар на болеста чии корени се во југоисточна Азија.“
Блекмур додава дека овие земји треба да подготват добри планови за контрола на болеста со цел, како што вели, да му се даде време на светот да подготви соодветна вакцина против птичјиот грип.