Наредната година и одржувањето на фер и демократски избори согласно меѓународните стандарди се од клучно значење за Македонија и нејзините аспирации за членство во Унијата, порача амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере на "Форумот за политичките партии и демократскиот развој" организиран од страна на наблудувачката мисија на ОБСЕ:
„На изборите што треба да се одржат следната година, Македонија ќе треба да го положи основниот тест за да го продолжи патот кон станување член на Европската Унија. За да го истакнам значењето на овој тест, ќе потсетам на мислењето на Комисијата на 9-ти ноември во врска со апликацијата што ја поднесе Македонија за да и се придружи на Унијата и на мислењето на Комисијата, дека на Македонија ќе и се даде кандидатски статус“.
изјави амбасадорот Фуере додавајќи:
„Одржувањето слободни и фер избори без корупција, бара консензус од сите политички партии и од сите општествени институции. Ова е најдобриот начин да се обезбеди доверба во процесот, а исто така да се стекне доверба кај граѓаните за демократскиот развој на земјата и за однесувањето на избраните претставници“.
истакна Фуере.
Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Карлош Паеш во неговото излагање пак, ја потенцираше улогата на политичките партии во одржувањето на фер и демократски избори:
„Нема демократија без политичките партии. Вашата земја има стабилни демократски институции кои функционираат исправно, како што оцени и Европската Комисија во своето мислење минатиот месец. Вашата демократија е млада демократија и има шанса да ги избегне болестите пред тие да станат системски. Треба да се дејствува брзо како што препорачува извештајот на УНДП кој води кон вистинската насока“.
рече амбасадорот на ОБСЕ, Паеш.
На Конференцијата учестваат преставници на сите политички партии во земјава претставникот на НАТО во Скопје генерал Денис Блис, амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ и амбасадорот на Велика Британија, Роберт Четертон Диксон, кои утре ќе ги презентираат заклучоците на завршната сесија.