Достапни линкови

Политичките партии во земјата, се против


Македонија нема потреба од усвојување Резолуција за Косово, тоа не е наша обврска и не треба да се мешаме во работите на меѓунароидната заедница, е генералниот став на политичките партии, по најавите од ПДП дека ќе предложат резолуција на Собранието со која ќе се подржи независноста на Косово:

„Ние како соседна земја треба да му дадеме не само декларативна подршка на нашиот сосед, туку тоа да го претвориме во дело, а тоа е во Собранието да се донесе Резолуција која ќе ја подржи независноста на Косово.“

вели лидерот на ПДП Абдуљади Вејсели. Според албанските политички партии ДПА и ДУИ пред да се достави резолуцијата во Собранието треба да се оцени моментот и дали со тоа ќе се даде некаков придонес во решавањето на статусот на Косово. За Рафиз Халити од ДУИ иницијативата на ПДП има за цел добивање политички поени.

„Намерата е да се добие политички поени без оглед на тоа дали ќе имаме некоја штета од сето тоа.“

Дека нема потреба од усвојување резолуција сметаат и во опозициската ВМРО Народна.

„Македонија ниту има право, ниту има должност да носи такви Резолуции и да мисли на туѓи држави. Тоа е работа на Обединетите Нации, а ние треба да си ја гледаме ситуацијата во Македонија.“

Изјави пратеникот Жарко Караџовски. И Мерсел Биљали советникот на премиерот Владо Бучковски е на став дека во овие моменти не е опортуно донесувањето на било каков акт од страна на мaкедонските институции:

„Во постојните политички корелации, особено сега кога се очекува стартот на преговори, не е опортуно да се донесат такви акти од причина што би се направила конфузија и тензии меѓу учесниците во преговорите. Така што сега е најважно легитимните структури да преговарат за тоа.“

Во меѓувреме Меѓународната заедница ги предупреди косовските власти да не усвојуваат резолуција за независност, која се наоѓа на дневниот ред на утрешната седницата на Парламентот. ОН не можат да поддржат донесување таква резолуција, порача денеска шефот на мисијата на ОН во Косово Сорен Јесен Петерсен. И Парламентарното Собрание на НАТО во нејзината последната седница одбила усвојување на Резолуција со која би се подржала условна независнот на Косово и тоа по реакцијата на американските преставници.
XS
SM
MD
LG