Достапни линкови

Позитивен развој на човековите права, сметаат експертите


Донесувањето на пресуди од Европскиот суд за човекови права во корист на македонското малцинство во Бугарија и Грција, во голема мера придонесуваат за градење на содветна правна регулатива во овие земји и однос кон нашето малцинство генерално во сите земји, коментираат експертите од областа на човековите права. Според нив тоа значи дека видливо и значително се олеснува живеењето на македонците кои се надвор од земјава и нивното организирање во невладини организации и политички партии:

„Ова значи, или најмногу е во прилог на се она што претставува зачувување на етничкиот и културниот идентитет. Значи надминувајќи ја фазата на оној ,,гол страв,, посебно кој што постоеше во овие две држави, а посебно во Грција, поврзано со отворени репресии врз македонското малицинство, сега се поминува во една порелаксирана фаза.“

Изјави Мирјана Најческа, претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
И професор Мирјана Малеска од Универзитетот на Југоисточна Европа посочува дека се гледа позитивен развој во сферата на борбата за човекови права, зошто пред 14 години кога се донесуваше Уставот Македонија под питисок на Грција по неколку месеци беше принудена да смени два члена што се однесуваа на грижата за малцинствата во соседните земји.

„Многу е подобро ова што сега се случи, значи малцинствата во секоја земја мора сами да се залагаат за своите права преку легални институции на таа држава и еве сега гледате и во ЕУ Грција и Бугарија се веќе дел од таа заедница. Многу подобро тоа, отколку матичната држава да се бори за правата на малцинствата, бидејќи тоа секогаш може да се протолкува како мешање во внатрешните работи на државата.“

Најческа пак им забележува на одговорните во земјава:

„Македонската држава не се ангажира доволно. Јас не мислам дека е потребно агресивно настојување, меѓутоа има многу инструменти на билатерално договарање меѓу државите, кои што овозможуваат воспоставување на интелектуални, кулутрни и други видови на врски кои ќе го потпомогнат одржувањето и развојот на идентитетот на луѓето кои се чувствуваат како македонци.“
XS
SM
MD
LG