Достапни линкови

Се подготвуваме за Самитот за проширување на НАТО во 2008


Во 2008 се подготвуваме за самит за проширување на Алијансата
И тоа е важно, но денеска оваа организација е пред внатрешни реформи, имаме повеке операции во Афганистан, Ирак, тоа значи дека концептот бара повеке, но не и дека го зборавивме Балканот, изјави Џејми Шеј, директор за планирање на политиката во кабинетот на генералниот секретар на Алијансата на денешната тркалезна маса посветена на трансформацијата и процесот на проширување.

Македонија истакна тој во последните неколку години покажа дека е сериозен иден партнер:

„Ние не го забораваме Балканот, новиот НАТО се разбира е фокусиран надвор од Европа, но знаеме дека имаме незавршена работа во овој дел на светот, бидејки тука за прв пат ја започнавме улогата на проектирање на стабилност и безбедност, Балканот ако сакате е родното место на НАТО на 21 век. Се разбира евроатлантската интеграција на овој регион е важен процес, но за тоа треба да ги вклучиме во Партнерството за мир и Босна и Херцеговина и Србија и Црна Гора. Во овој дел има и ризици, не знаеме како ќе се одвивааат разговорите за статусот на Косово, можен референдум во Црна Гора, старите проблеми како организиран криминал. Стратегијата за проширување на НАТО не треба да се гледа само во контекст на билатералните односи Македонија - НАТО, туку како на поширока стратегија на мегународната заедница да ја комплетира евроатланстата интеграција во овој дел од светот,“

вели Шеј.

Потпретседателот на македонскиот НАТО клуб, Исмет Рамадани посочи дека реформите што се прават во земјава треба да се сфати дека се за нас, а не за некој друг. Македонија, додаде тој треба да се вклучи и во трансформацијата на НАТО:

„Тоа значи дека паралелно треба да течат реформите во нашата држава и армија“

За земјава нема подобра алтернатива од членство во НАТО и Европската унија, и затоа ништо не треба да влијае за тие приоритети да се преиспитуваат:

„Ниту во еден момент не е доведен во прашање процесот на проширување на НАТО. Според тоа, нашата стратегија на национална безбедност, што како крајна цел има зачленување во НАТО не ја доведува во прашање одлуката дека НАТО треба малку да позборува за внатрешните состојби, а потоа да оди кон проширување,“

изјави Трајан Гоцевски поранешен министер за одбрана.
XS
SM
MD
LG