Достапни линкови

Решавањето на проблемите и споровите во раце на инволвираните


Сиромаштијата и тероризмот се клучни теми во меѓународните организации, меѓу кои и ОН. Оттука, се поставува и прашањето каде е Македонија како земја членка, колку таа може активно да се вклучи во активностите. Во јавноста во земјава се оценува дека во Македонија, како мала земја, која и по 14 години независност сеуште има нерешени прашања, не може многу да помогне:

„Најдобро поминуваат и најголем углед имаат оние земји од ОН кои и помагаат на организацијата, а не коишто очекуваат поддршка од организацијата. За жал, ние сеуште сме во една фаза во која имаме уште отворени проблеми, имаме и еден проблем пред Советот за безбедност, тоа е проблемот наш со Грција, којшто останува нерешен до денешен ден и во таа смисла факт е дека сме една од земјите кои имаат проблем.“

изјави Денко Малевски, професор на правниот факултет во Скопје и прв македонски амбасадор во ОН.

Според него, земјава не треба да очекува помош, туку да гледа да ги решава отворените прашања:

„Ние прво како земја треба да се ослободиме од позицијата дека некој нам треба да ни помогне, мислам дека 14 години по независноста треба поздраво да стоиме на своите нозе, би требало да си ги решаваме своите проблеми. Затоа што, ОН се една комплексна органзација, има 190 земји со сопствени интереси. Има големи проблеми, врзани за егзистенцијата на огромни пространства од планетата, во Азија, во Африка. Луѓе коишто дневно умираат, а на коишто не може да им се помогне.“

Малевски посочува дека механизмите што постојат во рамки на ОН се сложени:

„Организацијата обично вели дека тие се форум, посредништво, можат да помогнат, да организираат посредување во разрешувањето на проблемите на земјите, вклучувајќи го и оној што се наоѓа пред Советот за безбедност, во во крајна линија, работата е на државите тоа да го решат, инволвираните во спорот, а не на некој друг. Во таа смисла, очекувањето дека некој друг ќе ни ги реши проблемите не се реални.“
XS
SM
MD
LG